9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје и Сараево најзагадени балкански градови, исклучок се Љубљана и Подгорица

Скопје и Сараево најзагадени балкански градови, исклучок се Љубљана и Подгорица

Главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, со денови е на врвот на листата на градови со најнеквалитетен воздух. Ситуацијата не е многу подобра и кога станува збор за другите градови од поранешна Југославија.

Пред три дена Сараево беше најзагадениот град на планетата со индекс на загадување дури 597.

Овој факт влијаеше многу активисти и обични граѓани да реагираат, па дури и шведската амбасада во Босна се појави на „Твитер“, наведувајќи дека Сараево се наоѓа во сопствена категорија на загадување. Амбасадата повика на итна акција.

На airvisual.com, може да се следи состојбата со загадувањето од час на час. Имајќи го предвид Балканот, ситуацијата е алармантна и во нашиот главен град.

Скопје во голем дел е рангиран меѓу најзагадени главни градови во светот.

Словенија и Црна Гора се речиси целосно во зелената зона така што Љубљана и Подгорица не се на списокот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП