29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредизвици и придобивки во ерата на дигиталниот маркетинг и е-трговијата

Предизвици и придобивки во ерата на дигиталниот маркетинг и е-трговијата

Фокусот на новото истражување кое го спроведе ИНРЕКОМ е ставен врз електронската трговија и дигиталниот маркетинг во Република Македонија. Заедничките аспекти помеѓу обете сфери кои се предмет на анализа, исто така, беа тема на наш интерес пред сè поради начинот на кој тие функционираат и се надополнуваат.

ПЕРСПЕКТИВА НА МАРКЕТИНГОТ ВО СФЕРАТА НА МАСОВНА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА И ДИГИТАЛИЗАЦИЈА

Споредено со традиционалниот маркетинг, дигиталното огласување овозможува на огласувачите брзо и во реално време да ги следат постигнатите резултати од тековните маркетинг кампањи и проекти. Следењето на точниот број на луѓе кои ја прегледале почетната страница на веб-страницата која се огласува дава голема флексибилност особено во начинот на приказ на податоците кои може да се групираат во најразлични групи и подгрупи.

Ваквата технологија дава одлична повратна информација со чија помош огласувачите и маркетинг агенциите полесно и поефикасно можат да ги организираат следните кампањи.

Дигиталниот маркетинг познава многу различни начини на огласување. Еден од нив е т.н. „SEO-(Search Engine Optimization)“, овој начин вклучува технички процес на адаптација на интернет страниците чија цел е добивање на попривлечно место помеѓу првите резултати при користењето на интернет пребарувачите како „Гугл“, „Бинг“, „Јаху“ итн.

Останатите начини на дигитално огласување опфаќаат пласирање на рекламна пропаганда во вид на комерцијални написи на интернет страници, промоции преку издавање на електронски книги, визуелно претставени огласи во вид на инфо-графикони или онлајн брошури.

Сепак, можеби најголем дел од колачот наречен „дигитално огласување“ припаѓа на маркетингот кој се пласира преку социјалните мрежи, ова претставува ефикасен начин за непосредна продажба на производи, огласување на дигитални услуги, веб страници и останати проекти кои се предмет на одредена кампања за промоција.

Дигиталниот маркетинг нуди и корисничко-интерактивен начин на огласување („Pay per Click“) со цел привлекување на поголема таргет публика, а истиот претставува особено користен метод од страна на субјектите кои работат во областа на е-трговијата. Ваквиот начин на огласување донесува директен профит за публиката чиј пат до наградата за учество во маркетинг кампањата води преку директна интеракција со рекламата. Дел од ваквиот тип на огласување се т.н. промотивни брошури кои се испраќаат до корисниците („Newsletter“) преку нивните електронски мејл адреси.

ТРГОВИЈА НА МАЛО И ГОЛЕМО, НО ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ – КОЈ ПРОФИТИРА, А КОЈ РЕГУЛИРА?

Електронската трговија, пак, наједноставно кажано подразбира купопродажба т.е трговија на производи и добра преку дигитален пат. Е-трговијата се одвива преку дигитални продавници и огласни партери, каде трансферот на средства преку електронски пат е начин на плаќање за добиените т.е. купените добра. Електронската трговија во својата комплексност вклучува и систем на управување со синџирот на снабдување, сегмент на дигитален маркетинг, компјутерска обработка на трансакциите, електронска размена на податоци, системи за управување со инвентар и системи за автоматско собирање податоци.

Регулацијата на овој пазар и потребата од истата во Р.М. започна да се спроведува преку проектот за „Дигитализацијата и реформи во ИКТ-сферата во Западен Балкан“. Овој проект на Европската комисија предвидува воведување на унифициран дигитален пазар кој покрај организација на оваа сфера ќе допринесе и за економски раст во регионот, зголемување на иновациите, системски реформи во администрацијата и институциите.

Како дел од обидите за регулација на електронската трговија во Европа, Европската унија донесе нови одредби за заштита на потрошувачите, усвоени како Директива во Европскиот парламент чија цел е обезбедување поголема транспарентност на интернет пазарот. Со ова, треба да биде појасно кој ги продава производите, дали е регистриран трговец или приватно лице, притоа се воведува и ред во делот на дигиталните рецензии и препораки за добрата кои се предмет на е-трговија.

Новите правила, исто така ги зајакнуваат правата на потрошувачите. Обезбеден е надоместок за жртвите на лошите деловни практики од трговците, како и казни за масовни измами на кои се изложени потрошувачите ширум ЕУ.

Земјите членки имаат две години да ја транспонираат Директивата во нивното националното законодавство кое треба да гарантира дека потрошувачите во ЕУ ќе бидат подобро заштитени.

ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Трендот на пазарење преку интернет не ја одминува ниту нашата држава, па така не е чудна појавата на забрзано темпо на раст и развој на оваа гранка од дигиталната економија. Последните податоци за навиките на македонските граѓани во првото тримесечје од 2018 година покажуваат дека растот на трговијата допринесува за бројки кои говорат дека постои континуиран раст на бројот од испитаниците кои пазарат преку интернет. Или во бројки:

Покрај можноста за купување на производи на интернет, македонските граѓани може да купат и услуги-па помеѓу останатите услуги од 2018 постои можноста за купување и онлајн полиси за осигурување. Во оваа сфера на даватели на услуги, треба да се спомене дека „Еуролинк“ е првата осигурителна компанија во Македонија што започна со продажба на осигурителни полиси преку интернет.

Со цел стимулација на ваквиот тип на тргување од 2020 година се укинува и царинската давачка за мали пратки до 90 евра, нешто што воедно беше препорака од Европската Комисија.

Регулативата на НБРМ која подолг период ја отежнуваше е-трговијата во изминатите години, а со која македонските купувачи беа оневозможени да ги користат платежните сервиси како „Пеј-Пал“ и „Скрил“, конечно беше изменета кон средината на 2018 година кога беше либерализирана платформата за онлајн платежни сервиси, кои се користат од милиони трговци и купувачи во светот на дигиталната трговија.

Сепак, постои долг пат кој македонската е-трговија треба да го изоди со цел да биде во синхронизиран чекор со западните земји. До тогаш останува да се работи на забрзан раст на целокупната економија, вклучително и дигиталната, преку е-трговијата во земјава и кон странство.

Гувернерката на Народната Банка, Анита Ангеловска-Бежовска во интервју за Македонската телевизија искажа очекувања од новата регулатива (за платежни услуги и платни системи), која би требало да поттикне поголем обем на услуги, кои би биле достапни за граѓаните по поволни цени.

„Новата регулатива ќе биде во голем дел усогласена со законодавството на Европската Унија и со стандардите и правилата за извршување на плаќањата во европските земји. Вообичаено, со поголемиот спектар производи коишто се засноваат врз современи решенија се поттикнува и финансиската инклузија, којашто придонесува и за поголем, и за поинклузивен економски раст.

Но, не само законските регулативи, на македонските граѓани им е неопходна соодветна обука и подигнување на свеста при пазарењето преку интернет. Ваквите обуки како и насоки за поголема безбедност може да се добијат од страна на Организацијата за заштита на правата на потрошувачите во Македонија.

Целиот текст можете да го прочитате тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП