19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ усвои нови правила за подобрување на заштитата на онлајн потрошувачите

ЕУ усвои нови правила за подобрување на заштитата на онлајн потрошувачите

Новите правила на Европската унија за заштита на потрошувачите, усвоени како Директива во Европскиот парламент, меѓу другото ќе обезбедат поголема транспарентност на интернет пазарот. Појасно ќе биде кој ги продава производите, трговец или приватно лице, а испраќањето лажни потрошувачки рецензии или препораки ќе бидат забранети.

Покрај тоа, трговците не ќе можат да рекламираат лажни намалувања на цените, а интернет страниците за споредба на цените ќе треба да ги информираат потрошувачите за критериумите на рангирање. Новите правила, исто така ги зајакнуваат правата на потрошувачите. Осигуран е надоместок за жртвите на непоштените деловни практики и казни во случај на ситуации со масовно оштетување на кои се изложени потрошувачите ширум ЕУ.

Земјите членки сега имаат две години да ја транспонираат Директивата во националното законодавство како би осигурале дека потрошувачите во ЕУ се подобро заштитени.

„Новите правила ќе ја подобрат заштитата на потрошувачите во дигиталниот свет која со право ја заслужуваат. ЕУ исто така сака да ја запре практиката на продажба на производи како идентични во различни земји членки кога тоа не е случај. Но, новите правила само ќе ги штитат потрошувачите од нечесни трговци на мало и интернет измами, само доколку строго се спроведат. Силно ги охрабрувам сите земји членки да обезбедат спроведување на нови правила без одлагање“, изјави потпретседателката за вредности и транспарентност Вера Јурова.

„Им испраќаме јасна порака на трговците дека тие мора да ги почитуваат правилата, а не да ги избегнуваат. Прекршувањето на правилата на ЕУ за заштита на потрошувачите може биде казнето во износ од најмалку 4 проценти од годишниот обрт. Тоа ќе биде доволна пречка и ефективна казна за да ги одврати нечесните трговци од измама. Го поздравувам новото законодавство затоа што ги утврдува вистинските европски стандарди за заштита на потрошувачите“, изјави комесарот за правда, Дидиер Рејндерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП