понеделник, 28 ноември 2022
ПочетнаЗДРАВЈЕДали знаете дека недостатокот на сон може да биде поврзан со Алцхајмерова...

Дали знаете дека недостатокот на сон може да биде поврзан со Алцхајмерова болест?

Веќе по една или две непроспиени ноќи и во здрав мозок доаѓа до зголемување на присуството на протеини, а холандските научници откриле дека нормалниот сон помага да се намали присуството на тие бета-амилоидни протеини во мозокот за дури шест проценти.

Недостаток на сон го нарушува природниот процес, што кај лицата кои недоволно спијат може да биде фактор ризик за развој на Алцхајмерова болест, пишува списанието JAMA Neurology.

Бавно намалување на присуството на бета-амилоидни протеини исто така е забележано и кај лица со слаб квалитет на спиење.

Во истражувањето биле вклучени 26 средовечни мажи, а присуството на бета-амилоид протеини е набљудувано врз основа на примероци на ‘рбетна течност – ликвор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП