20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на трошоците, раст на платите – дали се живее подобро од...

Пад на трошоците, раст на платите – дали се живее подобро од лани?

Статистиката мери раст на платите и пад на трошоците, но дали тоа го чувствува и просечниот граѓанин?

Пад на трошоците за живот за 0.1%

Трошоците за живот се намалиле за 0.1% за една година, а цените на мало за 1.7% за една година.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во ноември 2019-та во однос на ноември 2018-та храната и пијалаците поскапеле за 1.1%, алкохолот и цигарите за 5.1%, мебелот за 1.1%, трошоците за здравје за 1.5%, за рекреација и култура за 0.1%.

Од друга страна облеката и обувките поевтиниле за 2.5%, режиските трошоци за 0.4%, транспорт за 6.8%, комуникации за 1.8%, образование за 0.3%.

Цените во рестораните и хотелите како и за останати стоки и услуги останале непроменети.

Кога се ќе се собере и одземе вкупните трошоци за живот, според пресметките на статистичарите, се намалиле за 0.1%.

Синдикалната кошница тежи 32.671 денар

Според пресметките на Сојузот на синдикати (ССМ) минималната потрошувачка кошница за четиричлено домаќинство во септември (најнови податоци) била тешка 32.671 денар.

Од нив дури 13.642 денари одат на храна, 10.389 денари се потребни за сметки и одржување на домот, 2.314 денари за хигиена, 2.408 денари за превоз.

Раст на просечната плата за 4.4%

Од друга страна просечната плата пораснала за 4.4% за една година. Според податоците на ДЗС во септември изнесувала 25.435 денари.

За една година најмногу пораснале платите во секторите: транспорт и складирање (8.8 %), административни и помошни услужни дејности (7.9 %) и дејности на здравствена и социјална заштита (7.3 %).

Од друга страна намалување на просечниот личен доход има кај рударство и вадење камен (-1.3%), дејности во врска со недвижен имот (-2.0%).

Највисоки плати имаат секторите финансиски и осигурителни дејности, информации и комуникации, снабдување со електрична енергија и гас и рударство и вадење камен.

Најниски плати имаат секторите угостителство, административни и помошни дејности, земјоделство и шумарство и преработувачка индустрија.

Како поединечни професии најплатени и натаму се програмерите, правниците осигурителите и сметководителите, како и вработените во воздухопловството. Најниски плати имаат рибарите, како и работниците во кожарската и текстилната индустрија.

Малкумина над, многумина под просекот

Иако просечната плата значително расте останува главниот проблем – богатите стануваат побогати, а сиромашните остануваат сиромашни. Дури ни зголемениот минималец не успева да ги испегла разликите – најмалку платените сектори имаат и над шест пати пониски приходи од најдобро платените.

Истражувањето на Македонска платформа против сиромаштија (МППС) дека 70% од работниците земаат плата под просечната.

Ова го потврдува и најновата публикација на Државната статистика „Жените и мажите во Северна Македонија“. Во неа стои дека само 3.1% од работниците имаат плата над 40 илјади денари. 4.9% меѓу 30 и 40 илјади, 9.1% меѓу 25 и 30 илјади.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП