5 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЧетири класични грешки при брендирање

Четири класични грешки при брендирање

branding1

Се што може да се поврзе со вашата фирма, производ или услуга, претставува бренд- логото, веб сајтот, начинот на кој се рекламирате, дури и начинот на кој вие и вашите вработени одговарате на телефонските повици.

Со текот на времето, брендот стана најважната работа која вашата фирма може да ја има, а брендирањето една од најважните дисциплини за развојот и услугите. Еден од најдобрите примери за модерното работење е Вирџин, компанијата на еден од најпознатите умови на денешницата, Ричард Бренсон. Вирџин има единствен начин на кој неговите производи и услуги се брендираат, од мобилни телефони до авио-превоз, а наскоро и до вселенскиот туризам. Брендот морате секој ден да го развивате, унапредувате и бидете сигурни дека не сте направиле ништо за да го „повредите“, а во овој текст ви ги претставуваме најчестите грешки кои ги прават бизнисмените при брендирање на своите производи.

Брендирање на цената, услугата или квалитетот

Во Македонија, 99 проценти од луѓето кои имаат обични продавници, својот маркетинг го базираат на ниските цени. Цената во денешно време е најважниот елемент на маркетинг миксот, но за сопствениците на вакви бизниси е многу опасна порака. Доколку купувачите ги одбираат вашите производи или услуги само затоа што сте поевтини од другите, ќе купат кај вас неколку, можеби пет, шест пати, но едноставно ќе отидат кај друг продавач доколку тој им понуди пониски цени. Интернетот уште повеќе го олеснува преминувањето, бидете сигурни во тоа. Ќе имате сличен проблем доколку својот бренд го рекламирате како да е со најдобар квалитет или услуга- па дали некој бизнисмен би признал дека има најлош квалитет? Секако дека нема да признае. Клучот е да изградите бренд, или да се брендирате така што купувачите вас ќе ве препознаат по нешто друго во однос на конкуренцијата. Бидете единствени, понудите додатна вредност и заслужете ја реченицата: „Јас купувам кај…, многу е подобар поради…“.

Работете како што зборувате

Доколку во своите реклами или огласи издвојувате одредена услуга или компетитивна помош, потрудете се и да ја применувате. Работите како што зборувате, продавајте како што рекламирате. Купувачите се оние кои непрекинато ве оценуваат, проценуваат и оние кои многу лесно ќе поминат кај некој друг доколку ги изневерите, бидејќи не работите на начин како што се претставувате.

Премногу често ги менувате своите пораки

Потребно е да сте конзистентни во пораките кои ги испраќате на целната публика, купувачите, корисниците и партнерите. Вашиот план за брендирање мора да биде јасен и конзистентен, и не можете премногу често да го менувате бидејќи ќе ги збуните купувачите. Доколку сте изградиле своја репутација, на пример со иновации, искористете ги максимално своите маркетинг планови и со брендирање зголемете ја вредноста на својот бренд. Доколку многу брзо со иновациите преминете на некоја друга квалитативна предност, ќе го изгубите вниманието од купувачите и ќе забележите пад на продажбата. Компаниите во авто индустријата ги ре-брендираат своите производи на секои 5-6 години, фармацевтските компании на секои 8-9 години, додека пак ИТ компаниите тоа го прават на секои 2-3 години, но сето ова зависи од пазарот, светските текови, глобалозацијата и други фактори.

Идентичен како конкуренцијата

Во зависност од вашата маркетинг стратегија, кога почнувате бизнис, логично е дека ќе личите на некоја компанија од истата област, што е логичен потег. Меѓутоа, она кон што треба да целите во иднина е, тоа да бидете различни од конкуренцијата, морате да остварите компетитивна предност која ќе ви даде предност во очите на купувачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП