29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕДали некогаш сте се запрашале колку калории навистина има вашиот оброк?

Дали некогаш сте се запрашале колку калории навистина има вашиот оброк?

Многумина од нас скоро никогаш не се запрашале колку всушност калории внесуваме во своето тело додека јадеме некои од омилените специјалитети! Но, еве зошто треба да почнеме да размислуваме за тоа.

Американското друштво за јавно здравје спроведе истражување во дури 89 ланци за брза храна. Кога нарачуваа храна, истражувачите им дадоа задача на купувачите да погодат колку калории содржи нивниот оброк.

Резултат: Две третини од испитаниците го потценија бројот на калории во нивниот омилен хамбургер! Вообичаена претпоставка беше дека оброкот содржи околу 200 калории, додека во суштина просечен оброк за брза храна содржи повеќе од 800 калории! Исто така, истражувачите дошле до уште едно интересно откритие – колку е поголема нарачката, толку понеточна е нашата проценка за бројот на калории.

Уште еден интересен факт: Луѓето направија повеќе грешки при оценување кога јадеа во ресторани кои го рекламираат своето „здраво“ мени. Едноставната етикета „диететски“ многу лесно може да излаже многумина и да ги натера да мислат дека во таквата храна нема ништо штетно. Се разбира, тоа што некоја намирница има намален процент на маснотии не значи дека воопшто не е масна!

Затоа, немојте да дозволите да ве излажат погрешни претпоставки – брзата храна е секогаш калорична!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП