28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШарени, вкусни и многу здрави: Зошто се добри пиперките

Шарени, вкусни и многу здрави: Зошто се добри пиперките

Прочитајте каков ефект имаат на здравјето, колку калории содржат..

Разнобојни, вкусни и многу здрави – еве како пиперките влијаат на нашето здравје!

Пиперките се „во род“ со чили и доматите, растат во најразлични облици и бои, а се многу здрави.

Пиперките имаат екстремно ниски калории, а се многу богати со витамин Ц и други антиоксиданти.

Во 100 грама свежи пиперки има само 31 калорија, дури 92 проценти од плодот е вода, а содржи 2,1 грам здрави влакна.

Сладок вкус пиперките добиваат од шекерот, и го имаат поприлично, дури шест на 100 грама.

Кога станува збор за витамините, само една црвена пиперка содржи скоро двојна доза потребен витамин Ц.

Тука се и витаминот К1, важен за здравјето на коските, витамин Е за кожата, нервите и мускулите, витаминот Б6 важен за формирање на црвени крвни зрнца…

Содржат и многу антиоксиданти, кои спречуваат оштетување на клетките и можат да го заштитат организмот од срцеви заболувања.

Богати се со лутеин и зеаксантин, супстанции важни за добро здравје на очите и видот. Содржат и железо, кое му помага на телото подобро да дистрибуира кислород и да се бори против замор и слабост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП