26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТурнир вреден 50 милијарди: FIFA и го додели на Кина првиот клубски...

Турнир вреден 50 милијарди: FIFA и го додели на Кина првиот клубски Мундијал

Првото „вистинско“ светско клупско првенство во фудбал со 24 тимови ќе се одржи во Кина во 2021 година, одлучи FIFA.

„Ова е историска одлука“, изјави претседателот на FIFA, Џани Инфантино.

Кина беше единствениот кандидат за организација на новото натпреварување.

Клубското светско првенство уште две години ќе се одржува по системот на елиминација, а на турнирот, како и до сега, ќе учествуваат шампионите на континентите.

Шампионите на Европа и Јужна Америка ќе играат од полуфиналето.

Во иднина, на клубскиот Мундијал ќе играат осум европски клуба (освојувачи и финалисти од Лигата на шампионите и Лигата на Европа во последните четири години), шест екипи од Јужна Америка, по три од Африка, Азија и Северна и Централна Америка, и една од Океанија.

Ќе се формираат осум групи со по три тима, а победниците одат во четвртфиналето.

„Ова е натпреварување кој секој љубител на фудбалот, секое дете, сите – едвај чекаат да започне“, изјави Инфантино.

Тој истакна дека Светското клупско првенство, кое ќе се одржува на секои четири години, во годината пред Мундијалот, а една година по Европското првенство, може да генерира 50 милијарди долари од спонзори, маркетинг и ТВ права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП