20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕВеличенствено шоу во чест на Ганди на „Бурџ Калифа“ во Дубаи (видео)

Величенствено шоу во чест на Ганди на „Бурџ Калифа“ во Дубаи (видео)

Највисокиот облакодер во светот се покажа во целата своја величенственост по повод 150-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди со волшебно аудио-визуелно шоу во средата, пренесува „Спутник“.

Видео од облакодерот „Бурџ Калифа“ во Дубаи,, осветлен со живописни бои и слики на Махатма Ганди заедно со националното знаме на Индија, користејќи врвна проекција и ласерска технологија, ја воодушеви јавноста.

Облакодерот ја одбележа 150-годишнината од раѓањето на Ганди, познат како „татко на нацијата“ во Индија. Неговиот роденден беше прославен низ целиот свет за да го одбележи неговото наследство – Движењето за независност на земјата преку ненасилни средства.

Настани беа организирани и во многу други делови на светот, вклучувајќи ги Маурициус, Саудиска Арабија, Либан, Мјанмар, Швајцарија и Индија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП