25 април, 2024
ПочетнаДИЕТИШто е интервален пост и колку е здрав?

Што е интервален пост и колку е здрав?

Интервалниот пост во моментов е најпопуларна диета, која подразбира наизменична смена помеѓу гладувањето и периодот на неограничен внес на калории. Еден од фактите, која ја прослави оваа диета е дека со овој режим на исхрана можно е да изгубите и до 10 килограми за само 3 месеци.

Се разбира, интервалниот пост најдобро се воведува во консултација со нутриционист, затоа што во зависност од вашиот животен стил зависи и од тоа колку треба да трае периодот на постот.

Најпопуларната форма на интервален пост е онаа во размер 36:12, во која секој втор ден се откажуваме од храна цели 12 часа. Едно истражување предводено од Френк Мејд, покажало дека луѓето кои биле подложени на овој режим за само 4 недели изгубиле 4 килограми телесни масти, а добиле многу придобивки, кога станува збор за здравјето на нивното тело.

Испитаниците биле поделени во две групи, од кои во првата применувале интервален пост, додека вторите сами ги избрале своите оброци и нивното време. Се покажало дека испитаниците кои биле под интервален пост, го намалиле крвниот притисок, ја подобриле крвната слика и ги намалиле воспалителните процеси во нивното тело.

Повеќето луѓе, кои се подложиле на интервален пост не чувствувале никакви здравствени последици, меѓутоа, оние кои имале проблем со ослабен имунитет, го сфатиле тоа дури околу една година, откако започнале да постат, затоа е многу важно да се консултирате со нутриционист и да проверите дали вашето тело е подготвено за ваков вид подвиг.

Со оглед дека станува збор за диета која сè уште се истражува важно е да се напомене дека оваа диета речиси нема никакви предности во однос на другите диети, а со тоа и сè уште не се целосно истражени негативните ефекти кои би можела да ги има врз нашето здравје, затоа, ако се одлучете да пробате интервален пост, консултирајте се со нутриционист и доктор, кој е запознаен со здравјето на вашето тело!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП