Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,056.67 -0.03%    KMB 5,966.83 1.3%    MTUR 5,350.00 0%    OKTA 4,510.00 -6.04%    SPAZP 7,210.00 0%    STB 1,160.00 0.88%    TEL 308.00 0.65%    TKVS 5,500.00 0%    TNB 16,394.34 -0.64%    UNI 2,300.00 -2%    USJE 25,100.00 8.89%    

Грозјето е природен извор на овие антиоксиданти! Дали е подобро да се јаде црно или бело?

Време: 21:38

Датум: септември 13, 2019

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Грозјето делува како природен тоник на организмот, го забавува стареењето, односно спречува деменција и дегенеративни заболувања на очите. И црното и белото претставуваат еликсир на младоста, но за добар сон заслужно е само едно од нив.

Иако има бројни сорти, повеќето потрошувачи знаат за бело и црно грозје.

Црното грозје треба да биде што е можно потемно, скоро црно, а кога гроздот ќе се разниша зрната не треба да испаѓаат.

Кожата од црно грозје е многу значајна затоа што е богатa со фенолни супстанции кои му даваат боја и вкус, а на луѓето здравје.

Содржи и ресвератрол полифеноли, антоцијани, катехини и кверцетин. Тие се антиоксиданти кои уништуваат штетни материи, како и слободни радикали кои можат да предизвикаат тумори.

Ја чуваат и проодноста на артериите со што се намалува ризикот од срцеви заболувања.

Го намалуваат и згрутчувањето на крвта и го намалуваат лошиот холестерол.

За ресвератрол докажано е дека позитивно влијае на менталните и другите функции на мозокот, намалувајќи го ризикот од мозочен удар.

Црното грозје би требало да се јаде што е можно почесто и поради калиум, манган, витамини Ц, Б1 и Б6. Но и поради изобилството на растителни влакна, калциум и железо.

Истражувањата покажаа дека црното грозје го зголемува нивото на мелатонин, хормон неопходен за добар сон.

Белото грозје е на многу начини слично на црното. Има приближно иста енергетска вредност, што значи околу 20 проценти шекер, но во однос на црното грозје е сиромашно со феноли. Исто така не е претерано богато ни со калиум и калциум.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

Еден одговор за Грозјето е природен извор на овие антиоксиданти! Дали е подобро да се јаде црно или бело?

  1. Пингбек: Грозјето е природен извор на овие антиоксиданти! Дали е подобро да се јаде црно или бело? - ММС

  • Природен лек против стрес: Оваа здрава намирница има корисен ефект врз нервниот систем

    Природен лек против стрес: Оваа здрава намирница има корисен ефект врз нервниот систем

    Ако мислевте дека една ракија или пиво го намалува стресот, сте се измамиле. Чаша млеко е одличен лек против стрес и го смирува нервниот систем,…

  • На жените им е потребно многу повеќе сон отколку на мажите

    На жените им е потребно многу повеќе сон отколку на мажите

    На жените им е потребен сон повеќе од мажите, открија американски научници. Студијата покажа дека на жените им треба повеќе сон за да функционираат нормално…

  • Зошто е исклучително важен витаминот Д?

    Зошто е исклучително важен витаминот Д?

    Исхраната во која не се застапени намирници богати со витамин Д може да доведе до оштетување на мозокот, покажуваат резултатите од студијата направена на Универзитетот…

  • Ова омилено благо го намалува ризикот од мозочен удар!

    Ова омилено благо го намалува ризикот од мозочен удар!

    Ако избереме чоколадо со висок процент на какао и ако ова благо редовно го јадеме и во умерени количини, би можело да ни помогне да…

  • Карфиолот го забрзува метаболизмот

    Карфиолот го забрзува метаболизмот

    Ако се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, време е да го наполните вашиот фрижидерот со карфиол. Овој нискокалоричен зеленчук не е богат со…

  • Истакнете ја Вашата внатрешна убавина и справете се со целулитот

    Истакнете ја Вашата внатрешна убавина и справете се со целулитот

    Надворешниот изглед го рефлектира вашето здравје и виталност. Со процесот на стареење, настануваат промени на кожата. Поради тоа, голем дел од женската  популација инвестира во…

  • Излечете ја главоболката само со еден лист кисела зелка

    Излечете ја главоболката само со еден лист кисела зелка

    Лековитоста на киселата зелка ја надминува лековитоста на многу познати билки. Сто грама кисела зелка содржи дури 20 мг витамин Ц. Потоа витамин А, фолна…

  • Свежо меленото кафе е повторно кул

    Свежо меленото кафе е повторно кул

    Луѓето се заљубија во алтернативното „црно злато“ уште кога Етиопјаните го користеа како дел од традиционалните обреди, стотици години пред трговците да почнат да го…

  • Знаете ли зошто ви се случува некој мирис да мириса поинаку од првиот пат кога сте го почувствувале?

    Знаете ли зошто ви се случува некој мирис да мириса поинаку од првиот пат кога сте го почувствувале?

    Во носот во просек има околу 400 рецептори, и тие од една до друга личност се разликуваат за скоро 30 проценти, тврдат научниците од американскиот…

  • Лековите не се единствено решение: Пет природни методи за регулација на крвниот притисок

    Лековите не се единствено решение: Пет природни методи за регулација на крвниот притисок

    Не чекајте го моментот да бидат потребни лекови – регулирајте ја хипертензијата на здрав и природен начин. 1. Намалете ги на минимум два вида намирници…