Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,298.85 0.14%    BESK 7,500.00 0%    EUPF 63.00 1.61%    GRNT 1,179.34 -0.08%    KMB 7,624.02 -0.32%    MPT 77,996.67 -0.07%    OKTA 4,550.00 0.95%    PPIV 37,830.00 -3%    RZEK 48.00 0%    RZTK 701.00 -0.57%    STB 1,301.00 0.08%    STIL 92.00 -1.03%    TETE 2,250.00 -1.04%    TNB 19,200.00 -1.03%    UNI 2,221.00 -2.01%    ZPKO 2,900.00 7.69%    

Писонеро пред мечот со Запорожје: Прв сериозен тест за Вардар

Време: 12:46

Датум: септември 6, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вардар рано изутринава отпатуваа за Украина каде во сабота треба да го играат мечот против Мотор Запорожје во СЕХА Лига. Покрај во регионалното натпреварување, „црвено-црните“ ќе се сретнат со Украинците и во Лигата на шампионите.

Тренерот на тимот, Давид Писонeро на пресот пред дуелот изјави дека ова е прв сериозен тест за Вардар и дека треба да дадат се одсебе, ако сакаат добар резултат.

– Ова ќе биде прв сериозен тест за Вардар, совршен натпревар за гостување во СЕХА лигата против многу добар ривал. Ако сакаме добар резултат, треба да дадеме се од себе. Трениравме напорно и мислам дека ни требаат квалитетни натпревари. Мислам дека играчите и екипата се подготвени за вакви натпревари и со нетрпение чекаат да излезат на теренот, соопшти Шпанецот.

За Украина отпатуваа 15 ракометари , но во тимот ќе ги нема Стојанче Стоилов, Жозе де Толедо, Калифа Гедбан и Сташ Скубе. Словенечкиот интернационалец се повреди на еден од последните тренинзи и клубот реши да го одмори за она што следува потоа, дуелот со Монпелје.

Голманот Калифа Гедбан не доби влезна виза за Украина, бидејќи процедурата за добивање е подолга, а распоредот од СЕХА лигата за новата сезона беше потврден пред нешто повеќе од две недели, па немаше време да целата процедура околу издавањето виза да се заврши.

Од клубот соопштија дека се надеваат дека Украинците ќе му издадат виза барем за вториот меч, оној во Лигата на шампионите повторно во Запорожје на крајот од месецов.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Биткоинот оди на 26.000 долари?

    Биткоинот оди на 26.000 долари?

    Ако историјата се повтори, биткоинот би можел да забележи голем раст во наредните два месеци, вели аналитичарот на Cointelegraph, Кeјт Вареинг. Дигиталната валута има последователен раст…

  • Опасен за луѓето: Забранет увоз на овошје третирано со штетниот инсектицид

    Опасен за луѓето: Забранет увоз на овошје третирано со штетниот инсектицид

    Земјите членки на Европската Унија се согласија да забранат увоз на овошје кое содржи траги од хлорпирифос. Тоа е пестицид кој се смета за штетен…

  • Елон Маск разочаран од одлуката на Бил Гејтс

    Елон Маск разочаран од одлуката на Бил Гејтс

    Еден автомобил вчера направи јаз помеѓу двајцата најуспешни извршни директори во САД. Поточно, Бил Гејтс купил нов премиум модел Porsche Taycan, а Елон Маск покажа…

  • Лош ден: Гигантот загуби 34 милијарди долари

    Лош ден: Гигантот загуби 34 милијарди долари

    Акциите на Apple паднаа за време на тргувањето во вторникот за 2,6 проценти во еден момент. Тоа избриша 34 милијарди долари пазарна вредност на американската…

  • Нов потег на Џоковиќ кој мами насмевки на лицето: Со децата пред зграда изигра партија тенис(видео)

    Нов потег на Џоковиќ кој мами насмевки на лицето: Со децата пред зграда изигра партија тенис(видео)

    На Новак Џоковиќ толку многу му недостасуваат тениските турнири што реши да изигра една партија со “клинците” надвор пред зграда. После освојувањето на осмиот Австралија…

  • Бренсон ја “запали” берзата: Акциите на Virgin Galactic веќе скокнаа 200 проценти

    Бренсон ја “запали” берзата: Акциите на Virgin Galactic веќе скокнаа 200 проценти

    Акциите на компанијата Virgin Galactic, чиј сопственик е светски познатиот бизнисмен Ричард Бренсон, пораснаа од почетокот на годинава за дури 160 проценти. Само во текот…

  • Како Северина му честиташе на новиот хрватски претседател

    Како Северина му честиташе на новиот хрватски претседател

    Северина на својот профил на Инстаграм испрати честитка до новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ. Честитки до новиот хрватски претседател Зоран Милановиќ, доаѓаат од сите страни,…

  • КСМ: Во соработка со УЈП се следат состојбите за ДБ, ако има потреба ќе се пролонгираат роковите

    КСМ: Во соработка со УЈП се следат состојбите за ДБ, ако има потреба ќе се пролонгираат роковите

    Комората на сметководители на Македонија која континуирано се залага за подобрување на состојбата на сметководителите во земјава неделава испрати допис до УЈП за пролонгирање на…

  • Зошто Ворен Бафет секогаш плаќа во кеш?

    Зошто Ворен Бафет секогаш плаќа во кеш?

    Ако Ворен Бафет некогаш влезе во ваша продавница или ресторан, веројатно ќе ја плати сметката „во кеш“. „Имам American Express картичка која ја добив во…

  • Златото достигна најголема вредност досега во однос на еврото

    Златото достигна најголема вредност досега во однос на еврото

    Цената на златото денес во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото, достигнувајќи двонеделен максимум. До тоа главно дојде бидејќи инвеститорите бараа безбедно…