8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОткриени наоѓалишта на нафта и гас во Јонско Море, тврдат грчките медиуми

Откриени наоѓалишта на нафта и гас во Јонско Море, тврдат грчките медиуми

Apache-oil-rig-North-Sea-650x433

„Тајно енергетско богатство“ е откриено на четири места во Јонското Море и во морскиот регион јужно од островот Крит, пишува весникот „Етнос“.

Весникот наведува дека Министерството за животна средина на Грција ги добило резултатите од анализите на норвешката компанија ПГС, која беше задолжена да изврши истражувања за нафта и гас во различни делови на земјата.

Наоѓалишта ја откриваат мистеријата околу„црното злато“ во Јонско Море и во близина на островор Крит. Постојат индикации дека четири области се со големи енергетски можности и претставуваат значајни откритија, наведува „Етнос“.

Норвешката компанија денеска ќе им ги достави податоците од истражувањето на заинтересираните нафтени компании, а грчкото Министерство за животна средина ќе започне постапка за доделување на лиценци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП