3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Алјаска помор на лососи поради високите температури

На Алјаска помор на лососи поради високите температури

Алјаска ја погодија рекордно високи температури ова лето, жителите во реките почнаа да забележуваат помор на риби, според „Алјаска публик медиум“.

Експертите веруваат дека поради екстремно високите температури на реката Кускоким, лососите веројатно претрпеле срцев удар.

Поточно, лососите не се навикнати на температури над 20 Целзиусови степени.

Во средината на јули, жителите на целиот регион Нортон Саунд пријавиле голем број мртви лососи, кои починале на патот кон мрестилиштето, а истата појава граѓаните ја снимиле овој месец во државниот парк „Кахемак Беј“.

На видеоснимките се гледаат мртви лососи кои пливаат на површината на лагуната, кои исто така билена пат кон нивните мрестилишта; што значи дека умреле пред да ги положат своите јајца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП