28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската економија позитивно претставена од Фајненшл Тајмс

Македонската економија позитивно претставена од Фајненшл Тајмс

Весникот „Фајненшл Тајмс“, во сторијата посветена на македонската економија, насловена како -Macedonia: doing business?, која беше објавена на блогот на весникот, објави: Фразата „јужна балканска нација“ и „леснотија во водењето бизнис“ се познати кај некои од лидерите на бизниси на запад. Но, доколку не сте забележале, Македонија е на 23 место според последната ранг листа на Дуинг бизнис.

Во статијата се вели дека и не е чудо што токму тоа беше истакнато од премиерот на Република Македонија Никола Груевски, за време на официјалната посета на Будимпешта. Во 2006 година Македонија беше на 96 место во светот според годишниот извештај на Светската банка. Сега Македонија е на 23 место, а зад неа се дури 20 земји членки на ЕУ, како и сите земји во централна и источна Европа, истакна Груевски на 13 ноември во главниот град на Унгарија, пренесува Фајненшл Тајмс.

Угледниот весник во својата статија наведува дека „Коалиционата влада на Груевски од 2006 година се осигурa дека земјата ќе има најниски трошоци за водење бизнис во Европа, како и најниски даноци. Според спроведените мерки, се скратија даноците за точно 10 проценти, приходите за социјално осигурување се скратија за 27 проценти, а на компаниите им се обезбеди регистрација за само 4 часа со едношалтерски систем“

Во статијата се констатира дека минималните даноци и понатаму се намалуваат доколку инвеститорите се сместат во една од технолошките индустриски зони, а многу од нив веќе се отворени за работа или се во изградба.Имајќи в предвид дека Македонија има доброобразована работна сила, која говори англиски јазик или еден од главните европски јазици, со просечна месечна бруто плата од 430 евра, не е чудно зошто странските инвеститори започнаа да обрнуваат внимание, се вели во статијата на Фајненшл Тајмс.

Во статијата нагласени се и многубројните проекти на владата, изградбата на Скопје 2014, модернизацијата и реорганизацијата на главниот град, намалениот број на невработени, отварањето на фабриките на „Џонсон Контрол“, годинешните инвеститори „Кромберг и Шуберт“, „Дрекселмаер“ и „Ван Хол“, како и вработувањето на нови луѓе во тие фабрики. Плановите за инфраструктурата на Македонија, изградбата на патишта и модернизацијата на железницата, со цел земјата да се поврзе со сите свои соседи. Исто така, се поздравува и иницијативата за отварање на нови капацитети, главно во хидроцентралите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП