Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Анализа: каде оди македонската индустрија?

Време: 14:38

Датум: јуни 28, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Статистиката мери раст на производството и прометот во индустријата, но и пад на бројот на вработени. Менаџерите се умерени оптимисти, а државата најавува мерки за поддршка и работи на нова стратегија за секторот.

Раст на производството и прометот

Индустриското производство пораснало за 1.2% за една година. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) во мај 2019-та во однос на мај 2018-та раст 22.0% има секторот енергија, од 5.4% рударство и вадење камен, од 2.9% интермедијарни производи, од 2.6% трајни производи за широка потрошувачка, од 1.9% нетрајни производи за широка потрошувачка. Намалување од 7.1% има кај капиталните производи, а од 0.4% секторот преработувачка индустрија.

„Намалувањето во секторот преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на тутунски производи, на кожа и слични производи од кожа, на метали, на компјутерски и електронски и оптички производи и на моторни возила, приколки и полуприколки“ се наведува во соопштението на ДЗС.

Освен производството расте и прометот на индустријата. Во април годинава во однос на истиот месец лани бил поголем за 17.3%. На домашниот пазар растот е 5.3%, а на странските 22.1%.

Вкупниот промет бележи пораст кај интермедијарните производи за 9.4 %, капитални производи за 31.1 %, нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.3 %. Опаѓање од 3.2% има кај секторот Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.2%.

Во мај е измерен и годишен пораст од 0.6% на цените на индустриските производи. Кај секторот рударство и вадење камен има раст од 8.5%, кај преработувачката индустрија од 0.7%, а кај енергијата пад од 2.2%.

Пад на бројот на вработени

Статистиката мери раст на производството и на прометот, но истовремено бележи и пад на вработените. Во мај 2019-та во однос на мај 2018-та бројот на работниците во индустријата бил помал за 2.5%.

Намалување од 1.0% има во секторот рударство и вадење камен, од 2.7% кај преработувачката индустрија, од 1.2% кај енергијата, од 1.4% кај интермедијарните производи, од 5.8% кај трајните производи за широка потрошувачка, од 5.0% кај нетрајните производи.

Зголемување на бројот на вработени има единствено во секторот капитални производи и тоа за 2.4%.

Менаџерите се умерени оптимисти

Менаџерите од секторот индустрија се умерени оптимисти. Тоа го покажува анкетата на ДЗС според која индикаторот на доверба во мај 2019-та е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на април и за 1.5 процентен поен во однос на мај 2018-та.

„Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на април 2019 година“ се наведува во извештајот од ДЗС.

Оценката за економската состојба е поповолна во однос на претходниот месец од оваа и во однос на истиот месец од минатата година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2019 година изнесува 69.6 % од нормалното искористување.

„Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 26.0%, недоволната странска побарувачка со 16.8 %, недоволната домашна побарувачка со 14.4% и неизвесното економско опкружување со 10.8%“ наведува ДЗС.

Државата најавува мерки за поддршка

Државата преку сет мерки најавува дека ќе работи на поттикнување на специјализацијата, дигитализацијата и интернационализацијата на индустријата.

„Преку Планот за економски раст и новата ревидирана индустриска политика, фокусот го ставивме на преработувачката индустрија, стимулирање и поддршка на инвестициите, трансферот на технологии, поддршка на иновациите, вработувањето, зајакнатата соработка на науката со индустријата и интернационализацијата“ изјави неодамна министерот за економија Крешник Бектеши.

Владата во моментов работи на нова Стратегија за паметна специјализација која треба да биде готова во 2020-та година. Нејзина цел е зголемување на соработката меѓу јавниот, бизнис и научно-истражувачкиот и иновативен сектор, стимулирање на приватните инвестиции во истражување и иновации, пристап до европските структурни и инвестициски фондови, пристап до фондови за истражување, инструменти за технолошки иновации и трансфер на технологии.

Преработувачка индустрија – двигател на економијата

Според официјалните статистики преработувачката индустрија учествува со 12.2% од вкупните економски активности односно од БДП (2016 година), вработува 19% од работната сила, учествува со 10% во бројот на активни компании, а најголем дел од извозот или 87% се создава кај компаниите од индустријата.

Речиси 40% од вкупните странски инвестиции во државата се во преработувачка индустрија, од кои 75% се концентрирани во три сектори и тоа: транспорт и опрема, основни и преработени материјали и преработка на храна.

Контрадикторни долгорочни трендови

Долгорочните трендови на секторот покажуваат до некаде контрадикторни тенденции – во периодот од почетокот на 2013-та до крајот на 2015-та опаднал бројот на активни компании, се намалила потрошувачката на енергија, а се зголемил бројот на вработени како и обемот на производство.

Според последната публикација на ДЗС во 2013-та во секторот имало вкупно 8.214 деловни субјекти, во 2014-та 8.006, а во 2015-та 7.972.

Лани во секторот преработувачка индустрија биле основани 675 компании а биле затворени 652.

Анализите на статистичарите покажуваат и дека од година во година индустријата користи се помалку енергија. Во 2012-та вкупната финална потрошувачка била 580.214.000 toe, а во 2014-та 515.193.000 toe.

Потрошувачката на електрична енергија е речиси непроменета, на јаглен и на нафта постојано опаѓа, а на природен гас и на биомаса има благ пораст.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Германски град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

    Германски град нуди милион евра за доказ за своето непостоење

    Германскиот град Билефелд, за една полусериозна теорија на заговор која тврди дека градот навистина не постои, нуди голема награда за оној кој ќе докаже дека…

  • Забава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

    Забава на холандска плажа поради Брегзит, се пријавиле илјадници луѓе

    Речиси 10.000 луѓе досега се пријавиле за учество на забава на холандска плажа, за да го одбележат излезот на Велика Британија од Европската унија. Организаторите…

  • Цените на нафтата во пад

    Цените на нафтата во пад

    Цените на суровата нафта паднаа во вторникот на меѓународните пазари на 59 американски долари, во услови на голема загриженост за побарувачката. Таа загриженост ги надмина…

  • Продолжување на проектот купи куќа купи стан

    Продолжување на проектот купи куќа купи стан

    Градежната комора на  Македонија го поддржува проектoт  Купи куќа купи стан од самиот почеток на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе се…

  • Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

    Во јули пад од 2,3 отсто на кредитите кај компаниите, раст од 0,7 отсто кај домаќинствата

    По благиот раст кај кредитите на корпоративниот сектор во јуни, во јули е евидентиран позначителен пад од 2,3 проценти, кој се должи на падот во…

  • Libra-та под лупа на европското тело за конкуренција

    Libra-та под лупа на европското тело за конкуренција

    Властите на пазарот на ЕУ ги истражуваат можните проблеми со планираното лансирање на криптовалутата Libra. Властите во ЕУ изразија загриженост дека Libra нелегално ќе ги исклучи…

  • Трамп има ,,ас во ракавот”: Ќе добиеме од ЕУ сè што бараме

    Трамп има ,,ас во ракавот”: Ќе добиеме од ЕУ сè што бараме

    Американскиот претседателот, Доналд Трамп, изјави дека од Европската унија ќе добие сè што бара затоа што има „адут во ракавите“ – воведување на царини на…

  • Германија денеска за првпат емитува 30-годишна обврзница со нула каматна стапка

    Германија денеска за првпат емитува 30-годишна обврзница со нула каматна стапка

    Германија денеска за првпат ќе емитува 30-годишна државна обврзница со каматна стапка од нула отсто. Продажбата на обврзницата, како што се очекува, ќе се реализира…

  • Само 13 отсто од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

    Само 13 отсто од интернет корисниците во земјава резервирале одмор онлајн, во ЕУ 50 проценти

    Половина од корисниците на интернет во Европската унија својот одмор или патување го резервирале онлајн. Најчесто тоа го направиле корисниците од Луксембург – 73 проценти,…

  • Сончево и топло до 38 степени

    Сончево и топло до 38 степени

    Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе…