20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни ја покажа својата врвна класа, постигна гол од над 50 метри(видео)

Руни ја покажа својата врвна класа, постигна гол од над 50 метри(видео)

Вејн Руни е без сомнение еден од најдобрите играчи на овој век, а неговата класа повторно ја покажа во американската МЛС лига.

Напаѓачот на Вашингтон Ди Си ги воодушеви љубителите на фудбалот со спектакуларен гол од половина игралиште.

Руни ја зема топката по грешката на противникот, виде дека голманот се оддалечи од гол линијата и застрела без размислување од повеќе од 50 метри.

Со овој феноменален шут во 11-тата минута, му донесе на Вашингтон минимална победа над Орландо.

Руни има 33 години, постигна 253 гола и 146 асистенции за Манчестер Јунајтед, а на 39 настапи за Ди Си, постигна 22 гола и имаше 11 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП