25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалерите со најскапи куќи

Фудбалерите со најскапи куќи

Општо познато е дека фудбалерите се меѓу високоплатените спортисти. Со парите тие можат да си обезбедат многу добар стандард за живот – скапи автомобили, куќи и други работи во кои ќе уживаат. Видете кои се 10-те фудбалери со најскапи куќи:

10. Кака – 3 милиони долари

kuka10

Кака ја купи оваа куќа во Мадрид кога потпиша за „кралевите“ во 2009-та година.

9. Андрес Иниеста – 4.6 милиони долари

kuka9

Куќата е изградена во 2005-та година и има 5 спални, базен и капела. Името на фудбалерот е напишано на еден од ѕидовите. Во моментов тој ја продава и тврди дека во неа има духови.

8. Лионел Меси – 5 милиони долари

kuka8

Во домот има спа центар, кино и затворено фудбалско игралиште. Повеќе детали не се познати, бидејќи Меси го чува својот личен живот.

7. Марио Балотели – 5 милиони долари

kuka7

Куќата се дава под наем за 13.495 фунти месечно. Во него има кино и затворен базен.

6. Кристијано Роналдо – 6 милиони долари

kuka6

Во овој дом Роналдо живеел додека играл во Манчестер Јунајтед. Тој го купил во 2006-та година за 6 милиони долари. Во моментов куќата се продава.

5. Франк Лампард – 7 милиони долари

kuka5

Куќата е на два спрата и има површина од 1811 квадратни метри. Во неа има 9 спални, 12 бањи, базен. Околу куќата има 3 хектари земјиште на кои има куќа за гости, тениско игралиште, базен.

4. Џон Тери – 7.5 милиони долари

kuka4

Тери не ја купил куќата, но сопствениците објавија дека тој е сериозно заинтересиран за нејзино купување. Во неа има приватно кино со 34 места, подземен аквариум и вкупно 10 спални. Тери се колеба поради нејзината локација која не му се допаѓа.

3. Дидие Дрогба – 14.5 милиони долари

kuka3

Изградена е во 2007-та година и има површина од 800 квадратни метри. Располага со 7 спални, 8 бањи и неколку детски соби.

2. Вејн Руни – 17.83 милиони долари

kuka2

Руни си изгради куќа за 17.83 милиони долари, од кои 1,57 милиони долари беа потрошени само за подготовка на локацијата за градба. Соседи му Рио Фердинанд и Ван Перси.

1. Дејвид Бекам – 20 милиони долари

kuka1

Бекам ја купи оваа куќа во 1999-та година, набргу по свадбата. Во моментов куќата се продава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП