26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОткриена правата вистина за храната која согорува повеќе калории отколку што има...

Откриена правата вистина за храната која согорува повеќе калории отколку што има и така ни помага да ослабеме

Промени во исхраната се потребни ако сакате да ослабете.

Веќе долго време слушаме за фактот дека некоја храна бара повеќе калории за да се свари отколку што има во себе, но неодамнешните истражувања покажаа дека оваа група на храна наречена “храна со негативни калории” е само мит.

Целер е само еден од намирниците која се смета за храна со негативни калории, покрај краставицата, зелената салата и брокулата. Истражувањето било спроведено од Кетрин Будемаер од Универзитетот во Алабама користејќи група змејски гуштери.

На гуштерите им било давано да јадат целер исецкани на парчиња и тоа во вредност од 5 проценти од нивната тежина. Примероците од урината биле земени по испитувањето за да покажат колку енергија трошат. Истражувањето покажало дека гуштерите користеле 33 проценти калории за оброкот.

Иако истражувањето било спроведено само на едно животно, истражувачите истакнале дека овие две откритија можат да се применат и на луѓето. Како пример била земена жена која имала 60 килограми и се покажало дека таа согорува од 19 до 50 проценти од вкупниот број на калории внесени со храната.

25 проценти од енергијата се користи за варење и апсорпција на калории, 5 проценти отпад на урина и 30 проценти на измет.

Ова истражување покажало дека оваа храна не троши повеќе енергија за варење отколку што содржи калории во неа. Целата приказна за трошење на калории е само обичен мит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП