19 април, 2024
ПочетнаДИЕТИСупер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

Супер диета! Кога сакате да ослабете најдобар е лимонот!

Оваа диета ја спречува акумулацијата на течности и го разградува вишокот маснотии во телото. Лимонот го прочистува телото и ги отстранува отровите благодарение на високата концентрација на витамин Ц, кој ја одржува младоликоста.

Една од најдобрите намирници за симнување на килограмите е лимон, кој може да се користи во скоро секој оброк. Ова овошје ја спречува акумулацијата на течноста и го елиминира целулитот, што доведува до губење на тежината. Препорачаната дневна доза е околу четири плодови, сок и кора.

Диетата со лимон која ги отстранува мастите, но не и мускулите, осмислена е од нутриционистката Евелин Флахи. Ова овошје содржи хидроксицитрат, кој го спречува таложење на маснотии, во него се наоѓа етерично масло лимонен, кој го блокира формирањето на холестерол, додека кората содржи шеќер поликосанол, кој согорува масти.

Покрај тоа, овој цитрус го чисти телото и ги отстранува токсините, благодарение на својата висока концентрација на витамин Ц, кој ја одржува младоста. Иако е покисел од повеќето други плодови, можете да го засладите со мед или шеќер. И покрај помислата дека лимонот предизвикува зголемена киселина во стомакот, кај повеќето здрави луѓе тоа не е случај. Високото ниво на калиум кој се наоѓа во ова овошје може и да го неутрализираат вишокот киселини, истакнува авторката на диетата.

За време на диетата, појадокот е ист секој ден. Вклучувајќи една чаша чај со лимон, два интегрални тоста и една лажичка мармалад од лимон.

ПРВ ДЕН

Ручек: варен ориз (70 грама) зачинет со сок од лимон, две лажици масло и две лажици пармезан сирење, зелена салата (150 грама) со сок од лимон и лажичка масло, овошна салата од свежо овошје зачинета со сок од лимон.

Вечера: пржени парчиња телешко со парчиња лимон, интегрален тост или крекери, спанаќ зачинет со лажица масло и сок од лимон.

ВТОР ДЕН

Ручек: ослиќ во фолија (150 грама) со една капка масло, сок од еден лимон и уште еден исецкан на парчиња, интегрален тост или крекери, боранија варена на пареа, зачинета со неколку капки масло и сок од лимон.

Вечера: пилешки прсти (150 грама) печени во тава со неколку капки масло, зачинети со сок од лимон, печени пиперки (црвени и жолти) зачинети со неколку капки масло и сок од лимон, интегрален тост или крекери.

ТРЕТ ДЕН

Ручек: шпагети (70 грама) со јогурт и лимон, зелена салата (150 грама)  зачинета со сок од лимон и лажица масло, чинија јагоди со сок од лимон и малку шеќер.

Вечера: варена риба (150 грама) зачинета со лажица масло, магдонос и сок од лимон, боранија зготвена на пареа зачинета со неколку капки масло и сок од лимон, интегрален тост или интегрални крекери.

ЧЕТВРТ ДЕН

Ручек: мешана салата од 40 грама моцарела сирење, туна 30 грама, пет маслинки и лимон, интегрален тост или крекери или две кришки леб, овошна салата (освен банани и грозје) со сок од лимон.

Вечера: Морска риба печена во тавче со сок од домати и сок од лимон, мешана зелена салата (150 грама) со сок од лимон и неколку капки масло, два мали варени компири со лажица масло.

ПЕТИ ДЕН

Ручек: телешка шницла (120 грама) печена со неколку капки масло и лимон, интегрален тост или крекери, боранија зготвена на пареа со лажица масло и сок од лимон.

Вечера: варен ориз (70 грама) со две лажички масло, рендано сирење и сок од лимон, говедско месо (120 грама) зачинето со сок од лимон, зелена салата (150 грама) со сок од лимон и неколку капки масло.

ШЕСТИ ДЕН

Ручек: шунка (80 грама) со лажица масло и сок од лимон, интегрален тост или крекери, варен спанаќ зачинет со лажица масло и сок од лимон.

Вечера: салата од ориз (70 грама) со зеленчук, сирење (20 грама), шунка (20 грама), масло и лимон, зелена салата од свежо овошје (освен банана и грозје) и сок од лимон, салата од домати зачинета со лажица масло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП