Според извештајот на Европската комисија, една третина од вкупната актива на Европската унија е во рацете на странски компании, а 9,5% од европските компании имаат сопственици со седиште во Кина, Хонг Конг или Макао.
Споредено со 2007 година, кога овој процент изнесуваше само 2,5 отсто, ова е значително зголемување, иако вкупно во кинески раце сѐ уште е релативно мал дел од европскиот бизнис, се вели во извештајот на BBC.
Кинеските инвестиции во Европа достигнаа врв во 2016 година, кога вкупната вредност изнесуваше 37,2 милијарди евра. После тоа следеше застој.
“Ова е во голема мера резултат на построгите контроли на капиталот што доаѓа од Кина, но исто така и промени во глобалната политичка клима кога станува збор за кинески инвестиции”, изјави Агата Крац од групацијата „Rhodium“ за BBC.
Од 2000 до 2018 година, кинезите најмногу инвестирале во најголемите европски економии, како што се Велика Британија, Германија, Италија и Франција. Во топ 10 листата се вклучени и Холандија, Финска, Шведска, Португалија, Шпанија и Ирска.
Според минатогодишната анализа на Блумберг, Кинезите поседуваат имот или имаат удел на четири европски аеродроми, шест пристаништа и 13 фудбалски клубови.
Кинезите спроведуваат нова голема програма наречена “свилен пат”, исто така и позната како иницијатива “Еден појас, едно време”, во која кинезите планираат да инвестираат многу во европската инфраструктура, со цел да ги зајакнат трговските врски помеѓу Кина и Европа. Речиси и сите републики од поранешна Југославија се најдоа на тој пат.