Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,084.89 0.4%    GRNT 868.59 2.19%    KMB 5,347.18 0.28%    MPT 61,564.95 -0.49%    OHB 6,052.00 -0.59%    RKRB 3,000.00 -32.25%    RMDEN12 99.10 0.11%    RMDEN14 98.50 0.2%    RMDEN18 98.69 -0.01%    SBT 2,253.17 -6.12%    STIL 98.00 -2%    TKVS 5,000.00 -6.54%    UNI 2,100.40 0.02%    

Најчести прашања и одговори поврзани со исхрана без лактоза!

Време: 15:23

Датум: април 16, 2019

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Што е интолеранција на лактоза?

Интолеранција на лактоза се јавува кога на цревата им недостасува ензим, наречен лактаза, потребен за разградување на лактозата, или често нарекувана млечен шеќер. Симптомите може да се појават во рок од 30 минути до два часа по консумирање млеко или млечни производи. Тие најчесто се во вид на грчеви, тегоби, гасови, надуеност, дијареа и повраќање. За жал, не можете да ја намалите интолеранцијата на лактоза. Но, правејќи неколку промени во вашите навики во исхраната како консумирање млеко без лактоза или со користење на лактазни таблети, обично може да ги третирате симптомите доволно добро за да уживате во вашиот омилен сладолед или сирење.

Колку луѓе се нетолерантни на лактоза?

Се проценува дека околу 18% од вкупното население во Северна Европа има проблем со дигестија на млечни производи, а особено млеко. Зачестеност на генетската предиспозиција за интолеранција на лактоза на овие простори изнесува и до 50%. Состојбата е толку честа што дури некои лекари не сакаат да ја нарекуваат нарушување. Тоа е затоа што многу од нас природно ја губат способноста за разградување на лактозата како што растеме. Според спроведени истражувања, и вашата етничка припадност има улога во интолеранција на лактоза: дури 90 проценти од азиските Американци и 75 проценти од Афроамериканците и Индијанците се нетолерантни за лактоза. Со 20 проценти, белците се најмалку погодени.

Како да знам дали сум интолерантен на лактоза?

Доколку почувствувате стомачна болка, тегоби и гасови после консумирање млеко или млечни производи.! Пробајте го ова: Престанете да ги консумирате неколку дена и проверете дали симптомите исчезнуваат. Потоа повторно консумирајте ја истата храна; ако болката и гасовите се вратат, преземете некои од практичните чекори подолу. Имајте на ум дека дијагностицирањето на сопствената интолеранција на лактоза може да биде непрецизно. Некои луѓе ги грешат симптомите за интолеранција на лактоза, со една друга состојба – синдром на иритабилно дебело црево. Доколку не сте сигурни, вашиот лекар може да изврши тестови и да ви даде точна дијагноза.

Дали лактозата ја има само во млечните производи?

Не. Всушност, таа се наоѓа во многу подготвени јадења. Лактозата ја има во некои видови леб, обработени житарки, инстант компири, супи, маргарин, месо, мешавина за палачинки, колачиња и кремови за кафе во прав.

Лактозата ја има и во вашиот кабинет за лекови: таа е база за повеќе од 20 проценти од лековите на рецепт и околу 6 проценти од лековите без рецепт, иако овие производи обично влијаат само на луѓе со тешка интолеранција на лактоза. Консултирајте се со вашиот фармацевт дали лековите што ги земате редовно, содржат лактоза.

Кои се можностите за третман?

Прилагодете ја вашата исхрана. На прво место, наместо целосно да ги отсечете млечните производи, земете млеко и млечни производи без лактоза. Возрасните кои мислат дека се интолерантни на лактоза, сепак можат да јадат мали количини без да почувствуваат тегоби. Колку што се зголемува дозата на лактоза во организмот, истото ја зголемува и фреквенцијата и сериозноста на симптомите. Научете преку обиди и грешки со колку лактоза може да се справи вашето тело.

За децата, сепак, горенаведениот пристап нема да функционира и може да биде штетен. Додека постарите деца, исто така, може да бидат способни да се справат со мали количини на млечни производи, мали деца кои се нетолерантни на лактоза треба да консумираат млеко или млечни производи без лактоза. Ако мислите дека вашето дете е интолерантно на лактоза, разговарајте со вашиот педијатар.

Дали сите млечни производи имаат иста количина на лактоза?

Не сите млечни производи се создадени еднакви. Некои имаат помалку лактоза од другите. Такви се тврдите сирења и јогуртот (проверете ја етикетата за живи или активни култури). Консумирајте млеко без лактоза, кое веќе може да се најде во сите супермаркети.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Ова растително масло помага во превенција на Алцхајмерова болест

    Ова растително масло помага во превенција на Алцхајмерова болест

    Едно истражување покажало дека екстра дивергентното маслиново масло може да го намали ризикот од Алцхајмерова болест и деменција. Имено, маслиновото масло ги одржува способностите за…

  • Јадете ги редовно, спречуваат дијабетес

    Јадете ги редовно, спречуваат дијабетес

    Ако редовно јадете малини ќе имате поубав тен, посилна коса, подобро дигестивно здравје и кардиоваскуларен систем, посилен имунитет и помал ризик од воспаление. Ова вкусно…

  • Ако сакате да ослабете овие намирници мораат да бидат дел од вашето мени секој ден

    Ако сакате да ослабете овие намирници мораат да бидат дел од вашето мени секој ден

    Ако сакате успешно да го изгубите вишокот на килограми, тогаш секој ден би требало да консумирате намирници кои ќе ви го олеснат тој процес. За…

  • Возењето велосипед е нешто најблиску до летањето – 16 јули светски ден на велосипедизмот

    Возењето велосипед е нешто најблиску до летањето – 16 јули светски ден на велосипедизмот

    Робин Вилијамс на прашање од wall street journal зошто толку многу сака да вози велосипед едноставно одговорил „затоа што возењето велосипед е нешто најблиску до…

  • Зошто калиумот е важен за нас и која храна е најбогата со овој минерал?

    Зошто калиумот е важен за нас и која храна е најбогата со овој минерал?

    Калиумот е важен минерал кој во телото функционира како електролит и помага во регулација на течноста во телото, учествува во пренесување на нервните сигнали и…

  • Направете сами спреј за нега на кожата после сончање

    Направете сами спреј за нега на кожата после сончање

    Ако сакате да измешате разни домашни производи за нега на кожа, веруваме дека денешниот текст ќе биде корисен од повеќе причини. Имено, овој рецепт не…

  • Најчестата грешка која ја правите со сладоледот, а со тоа се изложувате себе и вашите блиски на опасност

    Најчестата грешка која ја правите со сладоледот, а со тоа се изложувате себе и вашите блиски на опасност

    Сладоледот не треба да се чува подолго од пет минути на собна температура, па повторно да се замрзнува. Кога го вадите сладоледот од фрижидер, обично…

  • Засладените пијалоци се поопасни отколку што се мислеше

    Засладените пијалоци се поопасни отколку што се мислеше

    Консумирање само една третина газирани пијалоци го зголемува ризикот од рак, покажала новата студија, а и овошните сокови претставуваат ризик. Експертите предупредуваат дека само 100…

  • Јаглени хидрати: Дали треба целосно да ги исфрлите од исхраната?

    Јаглени хидрати: Дали треба целосно да ги исфрлите од исхраната?

    Секогаш кога се прави разговор за ефективно губење на тежината, првото нешто што слушаме е: “Исфрлите ги јаглехидратите!”. Дали јаглехидратите навистина претставуваат најголем извор на…

  • Отсекогаш сме се прашувале- дали е опасно да испиеме кафе кое стоело со часови?

    Отсекогаш сме се прашувале- дали е опасно да испиеме кафе кое стоело со часови?

    Овој омилен пијалок најдобро е да го испиете веднаш, но дали смеете (безгрижно) да го испиете и по долгото стоење? Нивото на ризик зависи од…