26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСолскјер: Не знам дали ќе останам во Јунајтед долго како Фергусон

Солскјер: Не знам дали ќе останам во Јунајтед долго како Фергусон

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер не знае дали на „Олд Трафорд“ ќе остане толку долго како легендарниот Сер Алекс Фергусон.

-Пред три месеци, заостанувавме 11 бода зад 4. место. Можеби во ноември или декември играчите не веруваа дека имаат шанса. Но, ако ја правиме нашата работа добро во останатите седум натпревари, тогаш ќе избориме пласман следната сезона во Лигата на шампионите. Што се однесува до мојот статус во клубот, не знам дали ќе останам тука долго како Сер Алекс Фергусон, но ќе продолжам да уживам додека сум тука, изјави Солскјер.

Под водство на Норвежанецот, тимот на Манчестер јунајтед игра како препороден и во моментов е на 5.место на табелата во Премиер лигата со 61 бод, само два помалку од трето пласираниот Арсенал, и ист број бодови со четвртиот Тотенхем.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП