19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која не би требале ни да ја помирисате: 6 намирници кои...

Храна која не би требале ни да ја помирисате: 6 намирници кои се “ултраобработени”

Една студија објавена во списанието BMJ Open открива дека неверојатни 60% од калориите во дневната исхрана на просечен американец доаѓа од “ултра-обработени” намирници.

Кога ќе се каже дека намирницата е “ултраобработена” тоа значи дека содржи адитиви – како што се хидрогенизирани масла, вештачки ароми и емулгатори, кои сите се скриени под бројот Е.

Истражувачите исто така откриле дека овие ултра-преработени намирници содржат огромен процент на додаден шеќер, со што се зголемува ризикот од дебелина, дијабетес тип 2 и болести на срцето. Во интервју за HealthDay News, главниот автор на студијата Еуридис Мартинез објаснува како од исхраната треба да ги исфрлите ултрапреработените намирници:

“Постои еден многу едноставен начин да не внесете намирници натоварени со додаден шеќер, а тоа е да научите да разликувате вистинска храна од преработена. Тој пат почнува со читање етикети и ќе разберете дека тоа не е толку тешко да зготвите и повремено направите здрави деликатеси.

6 најлоши

Чипсови – постојат подобри и лоши чипсови. Претпоставувате дека се лоши оние кои имаат најсилен вкус, бидејќи содржат вештачки ароми, бои и конзерванси. Освен на декларацијата, исто така, може да се види главно од бојата на чипсот која е неприродна, претежно има портокалова боја. Подобра замена за купување на чипсови е оној направениот дома или на оној на кој пишува дека е органски бидејќи таквите обично содржат повеќе влакна, помалку сол и нездрава маст. Најдобар избор е сигурно чипс од кељ.

Бисквити, колачи, торти завиткани во пластика – изгледаат свежо со месеци, а се преполни со шеќер и конзерванси (оттука е и нивната долговечност). Правењето на домашни благи е многу подобра опција, бидејќи освен вистинска свежина, помалку шеќер или здрави засладувачи и изоставување на конзерванси, за нивната подготовка можете да користите и поздрави верзии на брашно како пченкарно, р’жано и кокосово. Дополнително, ако живеете во поголем град, во продавниците за здрава храна и некои здраво ориентирани слаткарници можете, исто така,  да купите здрави деликатеси.

Некои видови на леб – знаете дека треба да избегнувате бел леб направен од преработено бело брашно, но некои на изглед здрави лебови содржат адитиви. Леб е едно од оние јадења каде читањето на листата на состојки е навистина многу важно. Во принцип, се препорачува да се консумира леб од цело зрно како и оној без глутен кој не содржи адитиви и конзерванси. Некои од најздравите лебови мораат да бидат замрзнати бидејќи не содржат конзерванси.

Диетални пијалоци – освен фактот дека таквите пијалоци имаат нула хранлива вредност, тие содржат вештачки засладувачи како аспартам, сахарин и сукралоза, и се поврзани со главоболки, депресија и зголемен ризик од дијабетес тип 2. Ако не сакате обична вода, обидете се со газирани без додатоци на ароми и засладувачи.

Замрзната пица – Повеќето теста за пица што се купува содржи адитиви, па затоа е најдобро да направите тесто сами. Постојат многу рецепти за тесто за пица од интегрално или безглутенско брашно.

Слатки – повеќето од нив содржат висок фруктозен сируп и вештачки ароми. Но за среќа, обичната чоколада можете да ја замените за оние со 70% какао. Таквото чоколадо е добар извор на магнезиум и антиоксиданти, кои можат да помогнат во намалување на крвниот притисок и холестеролот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП