2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие црни дамки се најголеми загадувачи во ЕУ

Овие црни дамки се најголеми загадувачи во ЕУ

Големите градови пренатрупани со сообраќај, области во кои се произведува јаглен, индустриски регион опкружен со планини: црните точки се јасно видливи на европската мапа за квалитет на воздухот.

И додека во цела Европска десетици милиони европејци се изложени на ниво на загаден воздух кои ги надминува препораките на Светската здравствена организација (СЗО), некои живеат во ситуации кои се полоши од другите, дури и ако со оглед на различните загадувачи, реално не е можно да се обезбеди апсолутна класификација на најзагадените локации.

Долината на реката По

Мапите на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), ја покажуваат долината на реката По која е опкружена со планини во северниот дел на Италија, полна е со црвени точки кои укажуваат на проблематичната ситуација.

Според консолидирани податоци за 2016 година, неколку градови во регионот се на врвот на топ листите кога станува збор за загадување на воздухот со воздушни честички помали од 2,5 микрограми (PM 2.5 честички), кои се одговорни за 391.000 прерани смртни случаи годишно во ЕУ и речиси 60.000 во Италија. Просечна годишна концентрација на честички PM 2.5 достигнува 30 микрограми на метар квадратен во Падова и 29 во Торино и Милано, а дозволениот европски праг е 25. Торино и Милано спаѓаат меѓу градовите кои се најзагадени со озон и азот диоксид. Загадувањето со азот диоксид лесно го надминува дозволениот годишен просек од 40 микрограми на метар квадратен и изнесува 70 односно 67 микрограми.

Јагленот во Полска

Уште една црна дамка во јужниот дел на Полска, регионот Шлезија и околу него, поради термоелектраната на јаглен и греење на јаглен и дрво. Кога станува збор за честичките PM 2.5, Краков во 2016 беше втор најзагаден град во ЕУ со просечна годишна концентрација од 38 микрограми на метар квадратен, пред Катовице со 34.

Според неодамнешниот извештај на Greenpeace, кој содржи податоци за 2018 година и користи друг систем, Катовице и еден друг град во регионот се меѓу 10-те најзагадени градови со PM 2.5 честички во Европа. Податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во 2016 година, исто така, покажуваат дека Краков и Катовице ја надминуваат просечната годишна концентрација на азот диоксид (повеќе од 50 микрограми на метар квадратен).

Големите градови

Сите поголеми европски градови секоја година се соочуваат со големо загадување особено поврзано со патниот сообраќај. Според извештајот од страна на Greenpeace, Софија во 2018 беше најзагаден европски град со PM 2,5 честички и 21-ва во светот. Следи Варшава, Букурешт, Никозија, Прага, Братислава, Будимпешта, Париз, Виена, итн.. Податоци на ЕЕА за 2016 година покажуваат зголемен годишен просек на PM 2,5 честички во Варшава (26 микрограми на метар квадратен), Софија (22), Загреб (21) и Атина (20). Поради постарите возила и енергетскиот состав кој се уште во некои места се темели на јаглен, централна Европа е особено погодена.

Големите градови во Западна Европа, кои се гушат во сообраќајниот метеж се особено погодени од загадувањето, азотен диоксид , а некои многу ги надминуваат дозволените граници, како што е Лондон, кој се наоѓа на врвот на табелата, со годишен просек од 89 микрограми на метар квадратен, потоа Париз (83), Штутгарт (82), Минхен (80), Марсеј (79), Лион (71), Атина (70), Рим (65) итн.

Јужна Европа

Сончевиот југ на Јужна Европа е жртва на озон, секундарен загадувач што се јавува како резултат на хемиски реакции меѓу загадувачите во воздухот (азотни оксиди, органски честички) и сончева светлина. Највисоките концентрации на озон често се забележани на работ на Медитеранот во пролет и лето. Региони со голем патен сообраќај во комбинација со сончева светлина се особено погодени, како што се Италија (Џенова, Милано, Парма), Шпанија (Мадрид) и Грција (Атина).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП