24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКристијано Роналдо и Леброн Џејмс најпопуларни светски спортисти

Кристијано Роналдо и Леброн Џејмс најпопуларни светски спортисти

Фудбалерот Кристијано Роналдо и кошаркарот Леброн Џејмс ја предводат листата на најпознатите светски спортисти што редовно ја објавува ЕСПН.

Оваа медиумска куќа секоја година спроведува анкета и објавува листа на најпознатите спортиски. Репер се спонзорските договори, колку следбеници имаат на социјалните мрежи и колку често се „гуглаат“ нивните имиња.

Листата ја предводи Роналдо, пред Леброн, а зад нив се Лионел Меси, Нејмар и ММА ѕвездата Конор Мекгрегор.

Роџер Федерер е на шестото место, а во Топ 10 се Вират Коли (крикет), Рафа Надал (тенис), Стеф Кари (кошарка) и Тајгер Вудс (голф).

Единствената дама во Топ 20 е Серена Вилијамс која се наоѓа на 17 место.

Пласман од 11 до 20 место: Кевин Дурент (кошарка), Пол Погба (фудбал), МС Дони (американски фудбал), Килијан Мбапе (Фудебал), Хабиб Нурмагмедов (ММА), Антоан Гризман (Фудебал), Серена Вилијамс (тенис), Јуврај Кинг (крикет), Месут Езил (фудбал) и Новак Ѓоковиќ (тенис).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП