25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов фудбалски скандал: Катар го купил Мундијалот од ФИФА

Нов фудбалски скандал: Катар го купил Мундијалот од ФИФА

Англискиот весник “Тајмс” ги објави доказите и документите до кои дошол, дека Катар буквално го купил домаќинството на Мундијалот од ФИФА за вкупна сума од 880 милиони долари.

Целата работа не одела со едноставно плаќање на пари, туку сето тоа е завршено преку познатата телевизија Ал Џезира. Таа е во сопственост на катарскиот емират Шеик Хамид бен Калифе ал Тани, па затоа тој е осомничен дека е мозокот на целата операција.

Ал Џезира на само 21 ден пред да биде утврден кој ќе биде домаќин на Мундијалот во 2020 година, ги купи од ФИФА ТВ правата за натпреварите за сума од 400 милиони долари.

Но, “бравата” е во една клаузула од тој договор, кој моментално го “чешла” швајцарската полиција. Според договорот потпишан помеѓу ФИФА и Ал Џезира, оваа телевизија ќе плати дополнителни 100 милиони долари доколку домаќин на Мундилот е Катар. Три недели подоцна и тој услов е веќе исполнет.

Остануваше да се плати следниот месец уште една транша, нешто помала од 400 милиони евра, а која изненадно е договорена три години претходно. Значи, кога сè ќе се собере, Ал Џезира и плати на ФИФА износ од 880 милиони долари за ТВ-правата само за натпреварите од Светското првенство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП