3 јули, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПРИЧИНА ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ! Пазете се од ова!

ПРИЧИНА ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ! Пазете се од ова!

Експертите го открија убиецот на модерното време.

Понекогаш луѓето се плашеле од инфекции и повреди, додека современиот човек го мачат сериозни последици од долгото седење.

Јасно е дека долготрајното седење ја оптеретува кичмата и мускулите, но најновите истражувања покажуваат дека тоа е погубно за целиот организам, предизвикува многу болести – дебелина, дијабетес, срцеви заболувања, вени, внатрешни органи, мускули и коските.

Мускулите кои не се активираат на долг рок почнуваат да ослабуваат. Болката во вратот и рамената на крајот станува сериозна и покажува осификација во вратниот дел и на ‘рбетниот столб. Мозокот добива помалку кислород и ја намалува продуктивноста.

Според лекарите и физиотерапевтите, масажата и секојдневните вежби можат да помогнат, но не и ако осум часа дневно поминувате на стол.

За луѓето кои секојдневно вежбаат, но сепак, многу седат, препорачливо е вежбањето да го поделат на неколку делови од денот. Исто така, се советува да се станува од столица на секој саат и да се остане неколку минути или барем да се протегнете.

Дури и до 13 часа дневно поминуваме во седечка положба!

Светската статистика покажува дека дури 86 отсто од Американците седат во текот на работното време, а половина од нив стануваат само за да земат храна. Потоа, 36 проценти поминуваат седејќи пред телевизорот дома уште еден час или два, а остатокот се уште се наоѓаат пред компјутерот. Затоа Американското здравствена асоцијација утврдила т.н. “седечка болест”, како збир на симптоми кои можат да доведат до болест и смрт. Луѓето кои поминуваат повеќе од седум часа дневно пред телевизор, имаат 60 отсто поголем ризик да умрат од срцеви заболувања.

Исто така, луѓето кои работат во канцеларија или работа што бара седење со часови, би требало додека работат да стојат најмалку два часа за да бидат поздрави и да живеат подолго. Препорачливо е вработените секогаш да стојат додека зборуваат на телефон и да ги протегнат малку нозете, дури и во канцеларијата.

Како да седите правилно:

– Не ја навалувајте главата напред.

– Рамената треба да бидат опуштени.

– Лактите под агол од 90 степени и рацете во близина на телото.

– Долниот дел на грбот треба да има потпора.

– Нозете да стојат рамно на површината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП