25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

Поради недостиг цената на паладиумот се зголеми на рекордни 1.500 долари

Паладиумот се искачи на ниво над 1.500 долари за унца, достигнувајќи рекордни вредности поради недоволните резерви, соопштува „Bloomberg“. Ова се случува во услови на обидите на автомобилските компании да го купат вредниот материјал, за да ги задоволат најстрогите барања за штетните емисии.

Цената на паладиумот се зголеми за 1,7% во текот на азиската трговија до 1.501,89 долари за унца.

Сребрено-белиот метал ја зголеми цената над три пати од јануари 2016-та година, а „Citigroup“ дури предупреди претходно овој месец дека поради зголемената побарувачка цената на паладиумот може да достигне до 1.600 долари за унца.

Според аналитичари недостигот се акумулира поради постепеното откажување од автомобилите со дизел мотор.

Затегнувањето на пазарот на металот, кој главно се користи во технологии за намалување на штетните гасови кои се испуштаат од бензинските автомобили, ги натера компаниите да се насочат кон берзански-тргуваните фондови, за да ги задоволат нивните потреби.

Според рафинеријата „Heraeus“ физичкото поседување на паладиумот од берзански-тргуваните фондови се намалил до 700.000 унци на крајот на 2018-та година во однос на максимумот од 2,9 милиони во 2014-та година.

„Тешко е да се процени нивото на резервите на глобално ниво, но различни извори ги вреднуваат во опсег помеѓу 10 милиони и 18 милиони унци, што е еквивалентно на побарувачката за околу 1-2 години“, велат уште од „Heraeus“.

Сепак, некои аналитичари не се убедени колку долго ќе може да продолжи овој нагорен тренд кај паладиумот, бидејќи продажбата на автомобили во Кина продолжи да опаѓа во јануари. Освен тоа пазарите во Европа и Северна Америка се „стегаат“ заради различните услуги поврзани со употребата на исти автомобили, што и ја намалува потребата да се поседува возило.

Паладиумот е редок метал, произведен главно во две земји, па може да не е можно продуктивноста да се зголеми веднаш. Повеќе од 80% од паладиумот доаѓаат како спореден производ од родот на никел во Русија и од родот на платина во Јужна Африка, па испораките зависат од нивото на екстракција и инвестициите во други минерали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП