8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеноминираниот Bloomberg ќе одржи панел-презентација на финансиски софтвер за тргување со финансиски...

Реноминираниот Bloomberg ќе одржи панел-презентација на финансиски софтвер за тргување со финансиски инструменти

Во среда, 20-ти Февруари во Хотел Мериот со почеток во 15.00 часот ќе се одржи панел-презентација на финансиски софтвер за тргување со финансиски инструменти од реноминираниот Bloomberg L.P./New York,USA.

Презентацијата ќе даде акцент на тргување со обврзници на меѓународниот пазар и каматни свопови при што ќе биде посветено внимание на техничката анализа , одредувањето на цената на инструментите, анализа на кривата на принос како и активностите во процесот на пост-тргување.

Оваа тематика станува актуелна со можноста резидентите да вложуваат во странски хартии од вредност, како и можноста за заштита од ризикот на промена на каматните стапки на меѓународниот пазар која ја нуди каматниот своп.

Панел-презентацијата е под покровителство на Bloomberg/London, а во организација на Bloomberg/London и АЦИ Македонија – Здружение на финансиски пазари. Гостин предавач е Tim Murphy, Application specialist од Bloomberg.

Влезот е слободен за сите вработени во финансиски институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП