20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа подобро внимание и концентрација јадете темно чоколадо

За подобро внимание и концентрација јадете темно чоколадо

Научниците од Универзитетот Северна Каролина откриле дека се зголемува вниманието и концентрацијата ако во текот на денот изедете малку чоколадо со поголемо количество на какао.

Во истражувањето учествувале 122 лица, на возраст од 18 до 25 години, чија активност на мозокот е мерена после консумација на различни видови чоколадо, а најдобри резултати дало чоколадото кое содржи околу 60 отсто какао.

Повеќето луѓе околу пладне чувствуваат замор и неможат да се сконцентрираат, а тоа најмногу се однесува на вработените и студентите.

Меѓутоа, според зборовите на истражувачот Лери Стивенс, темното чоколадо кое содржи околу 60 отсто какао дало одлични резултати кога е во прашање зајакнувањето на концентрацијата.

“Освен што ја помага концентрацијата, темното чоколадо е богато со антиоксиданти и материи кои го намалуваат ризикот од срцев удар“, истакнал Стивенс.

Претходните истражувања покажале дека една коцка темно чоколадо го намалува ризикот од дијабетес, па така оние кои шест пати неделно консумираат чоколадо, го намалуваат ризикот од дијабетес за 34 проценти во споредба со оние кои една коцка јадат еднаш до четири пати месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП