1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициите во соларната енергија се намалија во 2018-та

Инвестициите во соларната енергија се намалија во 2018-та

Трошоците за соларна енергија на глобално ниво се намалија со речиси 25% во 2018-та година до 130,8 милијарди долари, главно поради ревизијата на регулаторните рамки во Кина, што доведе до намалување на поставувањето на соларни панели, намалувајќи ги цените, објави „Oilprice“.

Ова, од своја страна, доведе до пад од 8 отсто на вкупната инвестиција во обновлива енергија од 332 милијарди долари, според „Bloomberg New Energy Finance“.

Кина ги изненади пазарите во јуни 2018-та година како објави дека нема да издава одобренија за нови соларни инсталации и ќе ги намали субвенциите кои се главен мотор за овој бизнис во земјата.

По одлуката на Кинеската комисија за планирање, цените на фотонапонските панели се намалија на глобално ниво со 12 отсто, што беше од корист за купувачите, но влијаеше негативно на производителите во Кина, но и во другите земји – инвестициите во обновлива енергија се намалија за околу 50%, или за 40 милијарди долари.

Ова има корисен ефект врз капиталните трошоци, според аналитичарите на „BNEF“.

Во 2018-та година, трошоците за инсталирање на мегават соларна енергија се намалија за 12%, главно поради сатурацијата на пазарот, што веќе беше очигледно пред одлуката на Кина.

Иако веста за падот на цената на соларните панели е сигурно добра, бидејќи енергијата произведена од нив станува поконкурентна, извештајот на „BNEF“ има ефект на ладење во целина.

Истражувачите од „Bloomberg“ предупредуваат дека и покрај големиот пораст на инвестициите за обновлива енергија од 2004-та година, трошоците за фосилни горива, исто така, се зголемија.

Ова ефикасно ги неутрализира придобивките од намалувањето на емисиите на јаглероден диоксид постигнат преку раст во користењето на алтернативни извори на енергија.

Коментирајќи за наодите од извештајот, аналитичарот на „BNEF“, Џени Чејс, рече дека „2018-та година сигурно беше тешка година за многу производители на соларни панели во Кина. Сепак, сметам дека бројот на соларни инсталации на глобално ниво се зголемил од 99 гигавати во 2017-та година до 109 гигавати во 2018-та година, бидејќи други земји го искористија позитивниот тренд во конкуренцијата на оваа технологија“.

И оваа година ќе биде тешка, барем за Кина.

Претходно овој месец, Пекинг соопшти дека ќе одобри нова соларна и ветерна енергија, ако цената на електричната енергија произведена од овие погони одговара на онаа на електричните централи на јаглен.

Една од причините за овој потег е товарот на субвенциите што предизвикаа регулаторни промени во текот на изминатата година.

Според Џон Парлен од „Forbes“, уште една причина за ова е фактот што кинеските компании градат соларни електрани во странство, кои произведуваат струја многу поевтино од домашните објекти.

Кина е се уште најголемиот потрошувач на обновлива енергија, се вели во извештајот на „Bloomberg“.

Земјата ќе остане клучен фактор за успехот на глобалните ограничувања на јаглеродот, без оглед на капиталните трошоци за соларната енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП