26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако најлесно да станете попаметни?

Како најлесно да станете попаметни?

Ако се обидувате да го одржите вашиот мозок  во форма, заборавете на судоку и крстозбор, постои полесен начин од тоа. Истражувањата покажуваат дека ако го тренирате вашето тело и вашиот мозок ќе биде во форма.

Мозокот како и секое друго ткиво, пропаѓа поради некористење, злоупотреба и старост. Во дваесетите години од животот, дел од мозокот кој е одговорен за учење и паметење почнува да се намалува за околу еден процент годишно.

Гретчен Рејнолдс, автор на книгата „The First 20 Minutes“ наведува дека неодамнешните истражувања покажуваат дека со вежбање можете да го спречите тоа намалување на мозокот и да ја поправите когнитивната флексибилност која е главен елемент за човековата интелигенција. „Вежбањето влијае на мислењето повеќе од самото мислење“, вели Рејнолдс.

Сигурно досега сте слушнале дека нервните клетки не се обновуваат, но истражувањата покажуваат поинаку. Тие велат дека вежбањето може да го забави или дури и да го промени во спротивна насока тој процес на пропаѓање на мозокот. Вежбањето води до создавање на нови нервни клетки и ја подобрува нивната ефикасност.

Новите нервни клетки можат да го подобрат интелектот само ако се придружат во постоечката мрежа на неврони. Во спротивно, нивното постоење ја губи смислата. За невроните да се придружат во мрежата, неопходно е да научите нешто ново, но една студија од 2007 година вели дека тие имаат функција само при повторување на наученото. За разлика од таквиот тип на вмрежување, вежбањето ги вмрежува невроните, така што тие стануваат мултифункционални.

Вежбањето е вистинскиот пример како со еден удар можете да утепате две муви. И вашето тело и вашиот мозок ќе ви бидат благодарни за тоа, а вие ќе бидете исполнети со енергија, нови клетки… и поголема функционалност на мозокот, која ќе ја искористите за решавање на повеќето деловни задачи. Затоа, ако сеуште се двоумите, престанете со тоа и започнете со вежбање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП