Американските компании вратиле во САД повеќе од 500 милијарди долари готовина од странство како би ги искористиле бенефитите од измената на даночните регулативи.
Репатријацијата на доларот во периодот јули-септември 2018 година беше намалена на 93 милијарди долари, што е околу половина од износот од вториот квартал и помалку од една третина од 300 милијарди долари испратени во земјата од јануари до март, според податоците на билансот на тековната сметка на САД.
Берикетната репатријација следеше со воведувањето на новите регулативи што и овозможија на американската влада да ги наплати профитите натрупани во странство, без оглед каде се држат парите.