19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМората останува во Реал

Мората останува во Реал

Reprodução16

Екипата на Реал Мадрид е категорична кога станува збор за иднината на нивниот најталентиран млад напаѓач, Алваро Мората.

Претседателот на „кралевите“ , Флорентино Перес, јасно му дал до знаење на младинскиот репрезентативец на шпанската фудбалска репрезентација дека тој наредната сезона ќе биде константно дел од првиот тим на Реал Мадрид.

„ Ми се јави претседателот и ми рече дека ќе останам во Реал Мадрид и наредната сезона, тој е многу задоволен од моите настапи“,  изјави Мората кој вчера заедно со своите соиграчи од фудбалската репрезентација на Шпанија до 21 година го освоија младинското Европско првенство. Надежниот напаѓач на „кралевите“ покрај шампионскиот пехар се закити и со титулата најдобар стрелец на првенството. Тој на четирите натпревари на кои настапи од клупата постигна исто токлку погодоци и беше најслужен за победите на неговата репрезентација.

„Многу сум задоволен од одиграниот турнир, заслуживме да славиме и затоа сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи од репрезентацијата“, додаде Мората.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП