20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој ја презеде британската круна како најголем приватен пазар на капитал?

Кој ја презеде британската круна како најголем приватен пазар на капитал?

Велика Британија ја загуби круната на најголем приватен пазар на капитал според вредноста на трансакциите за прв пат од 2011-та година, откако менаџерите за купувања ги одложиле големите инвестиции во очекување на поголема јасност околу „Brexit“, објави „Financial Times“.

Вредноста на трансакциите во Велика Британија, која е намалена за една третина до 21,4 милијарди евра во 187 трансакции во годината до 7-ми декември, е надмината со вкупна вредност од 23,5 милијарди евра во Холандија, покажува новото истражување на „Centre for Management Buyout Research“ при „Imperial College Business School“.

Во Велика Британија, сепак, обемот на трансакции беше повеќе од три пати поголем отколку во Холандија, велат истражувачите.

Но, од десетте најголем европски купувања оваа година, само едно – стекнувањето од 2.2 милијарди фунти на онлајн компанијата за недвижнини „Zoopla“ од „Silver Lake“ – беше во Велика Британија.

„Велика Британија беше потпирачот при трансакциите, но луѓето сега ја преферираат Европа за големите трансакции“, вели Калем Бел, шеф на корпоративните финансии и превземања во „Investec“, која го спонзорирала истражувањето заедно со групата за приватни инвестиции „Equistone“.

Тој посочува дека купувањето на американската „Carlyle“ на единицата на „Akzo“ за специјализирани хемикалии, како и купувањето на бизнисот со производи за подмачкување на „Unilever“ од „KKR“ – и двете се случија во Холандија – како сигнал дека големите фондови бараат трансакции надвор од Велика Британија.

Други европски земји исто така се истакнаа со оваа активност, вклучувајќи ја Франција, која забележа раст од 35% во вредноста до 20,1 милијарди евра во вкупно 114 трансакции, покажува истражувањето.

Наодите се јасни во време кога приватните фирми со капитал се повеќе се загрижени поради недостатокот на јасност за „Brexit“.

Бел рече дека очекува глобалните фондови да бидат уште повнимателни во врска со побарувачката за договори во Велика Британија во првата половина од следната година.

Според него, купувачите сега преферираат да почекаат да видат што ќе се случува. „Тие веруваат дека има утре поголеми можности, отколку денес“.

Извршниот директор на една голема приватна инвестициона група во Европа вели дека очекува динамиката да се промени кога ќе „постои јасна слика за „Brexit““.

„Луѓето ги мразат продажбите по ниски цени, освен ако не мора. Ако се има во предвид целата неизвесност во Велика Британија, повеќето продавачи, особено кај трансакциите кои се предводени од корисниците, нема да продаваат и ќе почекаат додека работите не се средат, бидејќи купувачите сакаат попусти поради ризикот од несигурноста“.

Истражувањето открива уште дека вредноста на исклучувањето од инвестиции оваа година изнесува 93 милијарди евра, што е под вредноста на новите инвестиции од 100,7 милијарди евра за прв пат по речиси десет години.

Во исто време „ИПО“-ата обезбедени со приватни инвестиции, забележаа пад на половина од вредност до 7,5 милијарди евра во 2018-та година, бидејќи инвеститорите биле исплашени од нестабилните јавните пазари, покажува уште студијата.

Велика Британија не е единствениот пазар што се намалува. Во Германија, трансакциската вредност падна од 18,7 милијарди евра во минатата година на 7,1 милијарди евра во 2018-та година, во голема мера поради недостатокот на големи договори, се вели во студијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП