25 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКакви се шансите да се најдат докази дека постоел живот на Марс?

Какви се шансите да се најдат докази дека постоел живот на Марс?

Кога НАСА во 2021 година ќе испрати нов ровер на Црвената планета, неговата цел ќе биде да се најдат докази дека некогаш постоел живот.

Ќе биде полесно да пронајдеме знаци на поранешен живот на Марс, отколку што би пронашле на Земјата, велат научниците кои работат на следната мисија на НАСА.

Нивниот нов робот треба да слета на Црвената планета во 2021 година, и ќе има специфична цел – да најде докази за поранешен живот.

Тој ќе ги бара доказите во карпите стари и до 3,9 милијарди години.

Тешко е да се потврди дека пред толку години имало живот на Земјата, велат научниците, посочувајќи дека тоа би можело да биде малку полесно на Марс.

Како? Во текот на историјата на Земјата постоеја некои природни процеси кои ги уништуваат таквите докази во камењата и минералите, а кои на Марс одамна ги нема.

“На пример, ние не веруваме дека Марс има тектонски нарушувања што Земјата ги имала низ целата историјата”, вели Кен Вилфорд од НАСА.

“Повеќето” податоци “од карпите ги уништи субдукцијата – повлекувајќи една тектонска плоча под друга – во океаните. Покрај тоа, камењата кои се на површина постојано се загреваат, што не исто на Марс.

“Па, парадоксално, постои можност дека многу старите камења на Марс се подобро зачувани дури и од оние помладите на Земјата”.

Новиот ровер ќе биде спуштен на Марс во близина на езерото Кратер, каде што со сателитското набљудување се откри дека некогаш било длабоко езеро.

Научниците се надеваат дека присуството на микроби кои живеат во или околу водата ќе бидат во седименти во таа област.

Клучна цел ќе биде депонијата од карбон која би изгледала како што е на брегот на езерото.

Роверот ќе го избере најдоброто место по должината на брегот и ќе извлече примероци од почвата што може веднаш да се спакуваат во канистри и да се остават на земја за да ги соберат подоцна.

НАСА и ЕСА планираат заедничка мисија на Марс каде ќе соберат 40 примероци, кои најверојатно ќе се случи во раните 2030-ти.

Возилото ќе биде слична копија на роботот Куриозитет, кој слета на Марс во 2012 година.

Тој ќе ја користи истата технологија “Скајкрејн” која му помогна на претходното возило да слета со голема прецизност.

Научниците сега усовршија уште подобар систем за навигација, што дополнително ќе ја подобри точноста на слетувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП