25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку начини за да бидете попродуктивни

Неколку начини за да бидете попродуктивни

Често ни се чини дека денот е премногу краток за се што треба да направиме. Затрупани сме со работа и додека да излеземе од канцеларија, веќе е темно. Дома си одиме мртви уморни, а допрва треба да се посветиме на семејството и домот. Каде е тука времето за пријателите, за читање книга, да изгледаме добар филм? А да не зборуваме за нашето време за релаксација? Невозможно е да се постигне сè!

Сепак, ако си направите јасен план и и добро се потрудите, постои можност да успеете се да завршите, па дури и повеќе од тоа!

Наспијте се

Ако сте еден од оние кои велат дека ќе се наспијат кога ќе умрат, време ви е за промена. Кога сте одморени, многу сте поефикасни и побрзо можете да ги извршувате сите задачи.

Рутина

Направете некоја рутина од нештата кои треба да ги направите и придржувајте се до тоа. Тоа е да речеме одлука дека во 10 часот наутро ќе одговарате на меиловите, или дека во 2 часот попладне ви е паузата за ручек. За многу кратко време ќе ги завршувате тие работи без проблеми и без размислување за тоа.

Станувајте порано

На тој начин ќе си го продолжите денот! Ќе имате време да доручкувате и да пиете кафе пред работа. Можете добро да се средите и да се освестите пред да заминете во канцеларијата.

Направете дневен план

Секое утро запишете што треба да направите, одбележете ги важните датуми, кога сте закажале на доктор, фризер, родендените на вашите пријатели и слично. Не за џабе велат дека паметниот пишува а будалиот памти!

Вежбајте

Воведете некој вид на физичка активност, со цел да се разбудите, да се ослободите од стресот и да ја вратите позитивна енергија.

Грижете се за вашето здравје

Брзото темпо на живот може да влијае на вашето здравје. Од таа причина, бидете внимателни што јадете, како се облекувате, избегнувајте алкохол и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП