2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСпиењето со градник негативно влијае врз протокот на лимфата

Спиењето со градник негативно влијае врз протокот на лимфата

Ако ја прашате Софија Вергара, секоја жена треба да спие со градник.

Оваа убава актерка безброј пати има изјавено дека секоја ноќ спие со градник бидејќи смета дека тоа ќе придонесе за помалку опуштени гради.

За жал, овој пат Софија не е во право.

Имено, од лекарска страна е докажано дека градникот не може да влијае врз тоа дали вашите гради со текот на времето ќе виснат. За тоа се всушност заслужни генетиката, гравитацијата и доењето.

Сепак, градникот може негативно да влијае врз протокот на лимфата бидејќи најтесните и најсилните делови како што се прерамките се простираат по лимфните јазли во близина на пазувите, додека жицата на градникот се простира во областа на лимфните јазли на градите.

Ако сте еден од поборниците на спиење во градник, ве советуваме да изберете што поубав и поудобен градник без цврсти прерамки и жици, по можност од мек памук или висококвалитетна тантела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП