26 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(10.06 – 14.06.2013)

 

Изминатата недела на Македонската берза ја одбележаа неколку моменти. Првиот е секако отпочнувањето на задолжителната котација за дел од компаниите (35 од првата група) кои беа првично сврстени во котацијата, што секако го збогати Сеинет со нови информации. Тргувањето на Македонската берза беше на задоволително ниво, се реализираше промет од 78,6 милиони денари во редовното тргување и уште 17,5 милиони од блок трансакцијата со акциите на ТТК Банка АД Скопје. Индексот МБИ10 речиси и да немаше промена од почетокот на неделата и заврши со минимален пад од -0,05%, додека пак индексот МБИД имаше неделен пораст од +0,90%.

Во структурата на прометот повторно доминантни беа обврзниците од денационализација, со кои се реализираше промет од 33,1 милион денари со сите емисии (0,42% од вкупниот промет), а најтргувана беше 12-тата емисија од обврзниците за денационализација со остварен промет од 11,9 милиони денари и во ценовен распон од 87,2 до 88,1% од номиналната вредност.

Од акциите убедливо најтргувана беше акцијата на Комерцијална банка Скопје со промет од 21,1 милион денари и истргувани 10.555 акции. Очигледно повлекувањето на еден од поголенмите институционални инвеститори го користат дел од инвеститорите за влез во Комерцијална банка по цена која, доколку банката го стабилизира своето работење во следните 3 квартали од годината, може да се покаже како прилично исплатлива. Прегрупирање имаше и кај акцијата на РЖ Услуги АД Скопје каде во неколку поголеми трансакции во понеделникот се истргуваа вкупно 92.800 акции или 5,90% од вкупниот број на емитирани акции. Од акциите со промет од над милион денари ќе ги издвоиме уште и Макпетрол Скопје со промет од 3 милиони денари и Алкалоид Скопје со неделен промет од 2,8 милиони денари. „Муабетите“ околу Макпетрол не престануваат и оваа недела, сето тоа ја држи акцијата во фокусот на дел од инвеститорите и таа полека влегува во кругот на најтргуваните.

Winner на неделата е секако акцијата на Раде Кончар Скопје со истргувани 2,7 милиони денари, 1.350 акции и ценовен пораст од 36,93% на неделно ниво. Сеуште се непознати причините за ваквиот пораст на цената, но инвеститорите кои ја поседуваат оваа акција секако треба да ги радува ваквиот развој на настаните.

Движењата на регионалните и на светксите индекси во изминатата недела е даден во следната табела:

 

Индекс Земја Неделна промена
SBI10 Словенија

+1,34%

Crobex Хрватска

-2,06%

Belex Србија

-0,35%

Sofix Бугарија

-0,07%

DOW JONES САД

-1,11%

NASDAQ САД

-1,45%

S&P 500 САД

-0,98%

DAX Германија

-2,16%

FTSE 100 Велика Британија

-1,44%

CAC 40 Франицја

-1,53%

NIKKEI 225 Јапонија

-6,29%

HANG-SENG Кина

-3,02%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП