26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ повторно е број 1 на АТП-листата

Ѓоковиќ повторно е број 1 на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ од денес и официјално се врати на првото место на АТП-листата. Србинот, со пласманот во финалето на мастерсот во Париз, турнир од кој се откажа Рафаел Надал, освои 600 бода, што му беше доволно да го мине Шпанецот на челната позиција.

Ѓоковиќ е првиот тенисер по Марат Сафин во 2000 година кој бил полошо пласиран од 20. место, а потоа успеал да стигне до првото место. Српскиот тенисер пред четири месеци (18 јуни) имаше 7.255 поени помалку од тогаш првопласираниот Роџер Федерер.

Од јуни почна неверојатната серија на Ѓоковиќ, кој играше финале во Квинс (пораз од Чилиќ), а потоа ги освои Вимблдон, Синсинати, Ју-ес опен и Шангај.

Пред четири месеци тој имал 1.665 бода, а сега е лидер на АТП-листата со 8.045 бода, односно 560 бода повеќе од Надал.

Голем напредок оствари и победникот на мастерсот во Париз, Карен Хачанов. Рускиот тенисер годината ја започна на 45.место, а пред Париз беше на 18.место. Годината Хачанов ќе ја заврши со 2. 83 бода на 11.место.

АТП листа, Топ 10:

1. (2). Новак Ѓоковиќ (Србија ) – 8.045 бода
2. (1). Рафаел Надал (Шпанија ) – 7.480
3. (3). Роџер Федерер (Швајцарија ) – 6.260
4. (4). Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) – 5:300
5. (5). Александар Зверев (Германија) – 5.085
6. (6). Кевин Андерсон (Јужна Африка) – 4.310
7. (7). Марин Чилиќ (Хрватска) – 4.050
8. (8). Доминик Тим (Австрија) – 3.895
9. (11). Кеи Нишикори (Јапонија) – 3.390
10. (10). Џон Изнер (САД) – 3.155

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП