26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрв пораз на Милвоки, Ембид ги растури Клиперс (видео)

Прв пораз на Милвоки, Ембид ги растури Клиперс (видео)

Бостон му го нанесе првиот сезонски пораз на Милвоки. Бакс по стартните седум победи утринава на гостувањето во „ТД Гарден“ загубија со 117-113.

Јанис Антетокумпо иако имаше дабл-дабл од 33 поени и 11 скока, тоа не беше доволно за Милвоки да ја продолжи победничката низа. Кајри Ирвинг со 28 поени ги предводеше Селтикс, додека Гордон Хејвард постигна 18 поени.

Жоел Ембид беше фантастичен во победата на Филаделфија од 122-113 против ЛА Клиперс. Центарот постигна 41 поен, а имаше и 13 скока, со што сигурно беше најзаслужниот за триумфот на Сиксерс.

Откако Расел Вестбрук се врати во тимот на Оклахома, Тандер се во серија од три победи по ред, а утринава славеше на гости кај Шарлот со 111-107. Вестбрук за малку не стигна до трипл-дабл, бидејќи постигна 28 поени, 10 асистенции и осум скока.

Останати натпревари:

Кливленд – Денвер 91-110
Атланта – Сакраменто 115-146
Портланд – Њу Орлеанс 132-119

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП