понеделник, 8 август 2022
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМитровиќ е најдобар играч во Лигата на нации

Митровиќ е најдобар играч во Лигата на нации

Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ е најдобар поединец во досегашниот тек од новото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лига на нации, одлучиле посетителите на твитер-профилот на ова натпреварување.

Митровиќ, инаку играч на Фулам во Премиер лигата, добил речиси половина од гласовите на посетителите. Србија во првите четири кола има постигнато пет гола, четири од нив се дело на Митровиќ.

Тој добил 43 отсто од гласовите, односно 12 отсто повеќе гласови од напаѓачот на Босна и Херцеговина Един Џеко.

На третото и четвртото место се репрезентативците на Белгија Ромелу Лукаку и Шпанија Марко Асенсио. Овие двајца добиле 12, односно 11 отсто од гласовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП