28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеколку начини да проверите дали ви пречи глутенот

Неколку начини да проверите дали ви пречи глутенот

Глутен е протеин кој се наоѓа во пченица, рж и јачмен, а со него се поврзува појавата на повеќе од 50 заболувања. Се проценува дека 99 отсто од луѓето кои имаат нетолеранција на глутен, болеста не е дијагностицирана.

Симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен:

– Проблеми со дигестивниот систем, како што е подуеност, гасови, дијареа или запек. Запек, како последица од конзумирање на глутен најчесто се јавува кај децата.

– ,,Keratosis pilaris”- таканаречена пилешка кожа на задната страна од раката. Тое е резултата на недостаток на масни киселини и витамин А, односно лоша апсорпција во цревата која го предизвикува глутенот.

– Чуство на замор откако се конзумира глутенот.

– Појава на автоимуни заболувања како што се ревматски артритис, лупус, склеродерма, мултиплекс склероза…

– Чувство на нерамнотежа, вртоглавицаи други слични невролошки симптоми.

– Хормонално нарушување како што е интензивен ПМС, синдром на полицистични јајници и необјаснив стерилитет.

– Редовна главоболка и мигрена

– Хроничен замор и фибромиалгија- особено ако лекарите не можат да ја откријат причината

– Оток и болки во прстите, колковите или колената

– Промени во однесувањето како што е депресија, анксиозност, чести и драстични промени на расположението и дефицит на вниманието.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП