29 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАФестивал за краток филм Drim Short од 12 до 14 октомври во...

Фестивал за краток филм Drim Short од 12 до 14 октомври во Струга

Од 12 до 14 октомври во НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга, под мотото „Еден јазик, илјада приказни“, ќе се одржи второто издание на фестивалот за краток филм Drim Short, во организација на Иницијативата за култура и независен активизам (ИНКА).

Ползувајќи ја универзалноста на филмскиот јазик и комуникацијата со публиката, под мотото „Еден јазик, илјада приказни“, и оваа година Drim Short Film Festival ќе ja доближи кратката филмска форма до публиката, со цел да се зајакне филмската култура и да придонесе Струга да стане регионално филмско јадро за филмските уметници од Македонија и регионот.

Ќе бидат прикажани неколку кратки филмови од неколку национални филмски уметници: „Доаѓаат од центарот на светот“ и „Без љубов“ во режија: Дина Дума; „Мишко“ режија: Ханис Багашов; „Долорес“ режија: Радован Петровиќ; „Почеток“ режија: Агим Абдула; „Црно и бело“ режија: Сандра Ѓоргиева; „Иднината е наша“ режија: Андреј Георгиев; „Црни криви“ режија: Марко Џамбазовски; „Чевли“ режија: Бранко Костески; „Последните камбани“ режија: Николче Попоски; „Коливо“ режија: Андреј Волкашин и „И(с)згубени“ режија: Антонио Вељаноски. Фестивалот годинава добива интернационален карактер со вклучување на регионална програма, чијашто селекција ја направи Иван Бакрач, која ќе ни претстави кратки филмски остварувања од регионот: 
O noapte in Tokoriki режија: Роксана Строе; Pupanje режија: Дора Шустиќ Tranzicija режија: Милица Томовиќ; Prima Noapte режија: Андреи Танасе; Into the Blue режија: Антонета Аламат Кусијановиќ и Nikog nema режија: Јелена Гавриловиќ.

Шанса за своја промоција преку студентската програма ќе добијат и студентите од филмските академии од Македонија со: „Тишина“ режија: Батухан Ибрахим (ФДУ); Red Ribbon режија: Џовани Рустанто (ФИОФА); The Bar режија: Горан Томиќ (ФИОФА); Rose режија: Јехона Бериша (ФИОФА); „Уште едно кафе“ режија: Ѓорѓи Лазов (УГД); „Заб“ режија: Ајдин Ислами (ФДУ); Out of Orde“ режија: Трифун Ситниковски (ЕСРА); „Двајца со јајца“ режија: Бруно Велјановски (ЕСРА); „Услов“ режисер: Даниел Шикоски (ДАСТА) и „Дневникот на генерација Z“ режија: Борјан Стојков (ФДУ). 
Освен филмски проекции, на Drim Short Film Festival ќе се оддржат мастер класови со режисерот на „Исцелител“ Ѓорче Ставрески и со реномираната косовска актерката Аурита Агуши.

Исто така, предвидена е гостинска програма со Македокс Докуникулци, како и студентски пичинг-форум. А ниту еден филм не би бил возможен без иницијалната идеја, па затоа оваа година ќе бидат избрани пет најдобри идеи на студенти од Македонија, кои ќе се натпреваруваат за симболична награда што ќе претставува мотив за нивната понатамошна работа во филмот.  За крај на фестивалските денови (петок, сабота и недела) по филмските проекции ќе се оддржи ОФФ програма во Хангар во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“, Струга, со: Томче Рут Бој  и Мирко Попов (ПМГ); Herzel ( Hivern Discs, Uncanny Valley) и ogie (Btkrsh, AAA музика). Фестивалот на краток филм Drim Short 2018 е овозможен со поддршка од Министерство за култура на Република Македонија во рамките на проектот „Нов културен бран“ и Фондацијата Oтворено општество Македонија (ФООМ).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП