4 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕВитаминот Д треба да се консумира во есен и зима

Витаминот Д треба да се консумира во есен и зима

Сите кои се помалку изложени на сончева светлина се во опасност од недостиг на витаминот важен за здравјето на коските, забите и мускулите.

Многу луѓе денес пијат различни додатоци во исхраната, но повеќето од нив воопшто не се неопходни за здравјето.

Витамините и минералите се од суштинско значење – без железо, витамин Ц или калциум, на пример, организмот не може правилно да функционира. Но, потребните количини сигурно ги добивате од намирниците ако се храните здраво.

Сепак, од почетокот на октомври до крајот на март немаме доволно сонце за да му помогнеме на организмот да синтетизира витамин Д! Затоа секој треба да зема додатоци во исхраната – најдобро, рибино масло, од кое организмот ќе зема онолку витамин Д колку што му е потребно.

Овој витамин ја регулира количината на калциум и фосфати во организмот, па затоа е потребен за здрави коски, заби и мускули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП