24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕХрана која се бори против стресот

Храна која се бори против стресот

Многу луѓе кои чувствуваат стрес не знаат како да се справат со него, а не сакаат да земаат лекови. Верувале или не, и храната може да помогне во такви ситуации.

Некои намирници се одлични за нашето физичко и психичко здравје. Ако ги конзумирате неколку дена по ред ќе се почувствувате подобро.

Бадеми

Влијаат на расположението и содржат минерали. Бадемите се извор на протеини, а ако се занимавате со спорт задолжително вклучете ги во исхраната.

Банани

Бананите се одлични за разни проблеми: тие се природен сојузник против стресот, помагаат во контрола на апетитот и добивање чувство на ситост, придонесуваат за подобра работа на мозокот и го регулираат стресот, влијаат на намалување на депресивното расположение и кај жените го подобруваат расположението кога се во ПМС (предменструален синдром).

Спанаќ

Спанаќот го смирува нервниот систем и му дава сила на телото.

Лубеница

Лубеницата е богата со витамини, магнезиум и калциум. Го подобрува имунолошкиот систем, го намалува нивото на масти во телото, ја подорбува работата на бубрезите и дава енергија.

Боровинки

Го јакнат имунитетот и го подобруваат расположението.

Лосос

Лососот е полн со Омега-3 масни киселини и помага да се чувствувате посмирени и порасположени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП