27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници со кои ќе ги ублажите воспаленијата на мускулите

Намирници со кои ќе ги ублажите воспаленијата на мускулите

Внимателно избраните намирници по тренингот ќе го намалат непријатното чувство од воспалението на мускулите…

За оние кои одлучиле да се подготват за летото така што во својот живот ќе воведат редовни тренинзи, а притоа долго не тренирале, за очекување е дека ќе се борат со воспаленија на мускулите. Со цел да не пиете лекови за да го смирите воспалението, еве неколку добри совети за исхраната со која ќе ги намалите и ублажите мускулните болки.

Всушност, воспалението на мускулите значи дека сте на добар пат и дека сте ги активирале мускулите за кои не сте ни знаеле дека постојат, но тие знаат да бидат многу болни и да предизвикаат отежнато движење.

Со цел тоа делумно да го ублажите, по тренингот изедете вишни, кафеав ориз или боровинки – односно, темно пигментирана храна.

Работата е во тоа што таа е преполна со антоцијани, кои работат на тоа да се забрза процесот на кислород во крвта, намалувајќи го така воспалението на мускулите, минимализирајќи ја болката по тренингот и подобрувајќи го закрпенувањето.

Антоцијаните освен во сино-виолетовото овошје како боровинките го има и во капините, сливите, и црниот патлиџан, ги содржат и црната рибизла, вишните, јагодите, црвениот портокал, црното грозје, бобиците и цвеклото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП