24 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЈадете круши за подобро здравје

Јадете круши за подобро здравје

Овие сочни плодови се богати со витамини и минерали, кои ги прават незаменлива намирница.

Меките, слатки круши се совршена храна која денес е достапна речиси преку целата година и е одличен извор на витамини и минерали важни за благосостојбата на целото тело.

Крушите се плод кој изобилува со растителни влакна. Добро е познато дека исхраната богата со растителни влакна помага во спречување на надуеност, одржувањето на здравото нивото на холестерол, а храната полна со влакна е многу добра за превенција од рак, срцеви болести и дијабетес тип два.

Крушите се извор на голем број на витамини – Ц, К , Б2, Б3 и Б6. Идеално овошје за бремени жени или мајки кои дојат, бидејќи содржат фолна киселина. Кога се минералите во прашање крушите содржат калциум, магнезиум, калиум, бакар и манган. Витаминот Ц и бакарот се антиоксиданси, па една круша дневно ќе направи чуда за вашиот имунитет.

Крушите го содржат и минералот бор, кој е потребен на нашето тело за подобра апсорпција на калциум, што го прави ова овошје силен сојузник во борбата против остеопорозата.

Јадењето три или повеќе порции овошје дневно, може да го намали ризикот од деменција, која е најчеста причина за губење на видот кај постарите лица.

Кората од круша содржи кверцетин, антиоксиданс кој помага во спречување на рак и оштетување на артериите кои предизвикуваат срцева болест. Неодамнешните студии покажаа дека јадењето круши може да помогне и во спречувањето на Алцхајмеровата болест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП